Колумни

Виолета Петковска – Самопрогласениот спасител сега се самопрогласи за невин и за се што кажа во мајтап-разговорот, НЕ Е КРИВ и затоа нема оставка за овој дипломатски скандал од највисок ранг!

 

 

Самопрогласениот спасител сега се самопрогласи за невин и за се што кажа во мајтап-разговорот, НЕ Е КРИВ и затоа нема оставка за овој дипломатски скандал од највисок ранг! На чело на државата имаме двајца исти. Впрочем и сам си кажа дека Стево бил ист Заев (како да е гордост да бидеш Заев). Едниот бара, другиот одобрува! Тешко нас! Како што вчера во лажниот, наместен телефонски разговор со намера за мајтапење на „лидерот“на чело на државата од украинските мајтапџии. слушнавте како разговараше, покорно и со лигавење. Е, така покорно и лигаво разговара со сите Еу лидери и останати! И како му нуди со леснотија 100 000 долари на Вселенскиот Патријарх Вартомолеј! А, пред тоа му поверува на лажниот претседателт Порошенко дека е генетски поврзан со Александар Македонски! Каков срам! Затоа, сите се што му побараа , добија. И затоа е одбран на чело на државата, дека е подведлива личност и лесен за манипулација! АПЕЛИРАМ И САКАМ МНОГУ ДА СТЕ БУДНИ ЛУЃЕ, ВАКА СЕ СОГЛАСИЛ И ЗА МИГРАНТИТЕ ДА ИМ ГРАДИ СТАНОВИ И ДА ГИ НАПРАВИ ЗАКОНСКИ ГРАЃАНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА! Овие двајца сијамски близнаци, коленичари, се’ прават да им се бендисаат на западните сили и се одобруваат, без да им биде гајле за убиствените последици по нашите животи! Македонија не ја сакаат и затоа крваво ја продаваат , разберете!! Со години се најзагадочни заговарачи и комунисти, југоносталгичари кои работат против интересите на Македонија! Сега кога апла слушнавме кое створење е, што ни мисли, како разговара и со која леснотија оговара, навредува, нуди пари и се сложува во се и со секого….. Мудроста кажува : – Тој што пред тебе збори за Мурто, утре и за тебе ќе збори пред Курто! Како збореше во разговорот за Меркел и против Русите, утре со Меркел и Русите ќе зборува против Украинците! Нестабилна, лабилна личност. За таквиот профил на луѓе ништо нема вредност, се е безвредно и лесно за продавање и нудење пари. Од се да има профит и корист било каква и од било кого, не е битно! Само нека има! Го слушав на пресот, одговараше на новинарски прашања.. На се имаше одговор во своја одбрана, и пак му ги ваделе од контекст зборовите, никој нема одговорност и според него и самиот тој нема одговорност за се што зборува во разговорот со мајтапџиите и затоа НЕМА ДА ДАДЕ ОСТАВКА! Ако требало ќе се извинел, честа пракса на овој тн лидер опинчар кој само се извинува и мисли дека да бидеш секогаш покорен е најголема човечка доблест! Се самопрогласи за невин, исто како и што се самопрогласи за,, #СПАСИТЕЛ,, кој ќе ја ослободи северна,, и ќе донесе #Живот_За_Сите! Станува алармантно, оваа држава го губи угледот и достоинството во секој сегмент на нашето живеење. Државата пропаѓа и оди само наназад со брзина на светлоста, а заради тоа имаме алармантен одлив на умови, професионален кадар и млади и стари бегаат од Македонија .Тука веќе немаат причина ниту можност за достојно живеење. Човекот и човечкиот живот е ставен на маргините, умирааат бебиња и родилки како да се тоа само безначајни инсекти (комарци), затвараат луѓе со смешни или интригантни обвинувања, бркаат од работа лесно ко песна! Крадат и лажат уште полесно од пердув и никој не бил виновен или одговорност да си даде оставка и да одговара.. Рекетарски групи хараат по државата, нема истрага! Секој ден по некоја бомба ја тресе владата, а нема истрага! Излегуваат видеа од вработени во судот како бараат мито, нема истрага! Никој за ништо не одговара и не сноси последици за ништо. Лесно се топат 10 милијарди кредитни задолжувања кои ќе ги враќаат и нашите внуци и тие по нив!! Ама, затоа да бидеш патриот и Македонец е забрането. А, ако извикуваш. ,,Македонија вечна,, и,, НИКОГАШ северна, САМО МАКЕДОНИЈА!! Ќе бидеш грубо и насилнички апсен и приведен во полиција на повеќечасовна тортура! Време е за будност! Време е за спас од ропство и тиранија!!

 

Виолета Петковска

Related posts

Leave a Comment