Колумни

Виолета Петковска : Сто советници, Сто високи плати, Сто фотељи кои секој ден се кршат и еден абдал кој не бара совети.

 

Сто советници. Сто високи плати. Сто фотељи кои секој ден се кршат и еден абдал кој не бара совети. Туку слуша најмногу пет советодавачи странци кои си го работат ко нива во Муртино! И, сега.. Имаме сто килави советници кои ги раневме за вакви совети и живот да живееме, ваково судство, вакво СЈО и ОЈО?! Советници и по министерства, вакви совети ли дававте, ништо не функционира и сачувај Боже реформи.. А? Оној писателот што се уби од пишување и беседење власта ваква, власта онаква. И со барање, освен партиските секој политичар да си понесе и здравствена книшка како доказ дека политичарот не е умоболен. Кога го побараа да биде советник без размислување ниту пет секунди ја прифати понудата! Вакви ли ти се советите Венко Андоновичу, вакви никакви, такви какви што сеуште животов гази се подлабоко кон пеколот! Или не ти ги слушаат советите, ама не е битно, ти пак си советник. Заседнат, платичка, веќе и совети не ти бараат, така што платата ти доаѓа како на лото да добиваш секој месец! И да си седиш таму, немој да излезеш и да протестираш што не те слушаат или да инсистираш да те послушаат, бидејки 100 советници, 100 непослушани совети е еднакво на изгубен народ и држава! Мислам на оние достојни советници кои им е подрага Македонија од северна! Се надевам има некој таков! Еве, колку се сите комплет способни и кадарни, од прв до последен. Бидејки ова не е веќе држава, ова е јавна куќа без врати и прозорци каде што секој прави што сака и колку сака. Бидејки човекот делата го красат, а оваа цела банда на власт од политичар до советник е дојдена само за профитирање, кој рекетар – кој трул не креативен советник кој, очигледно не успеал да даде квалитетен совет или идеја за одредено министерство или во институциите. Сите седнати во советничките фотељи про-форма, седат и земаат добра сума за “советите”. А, очигледно дека тој кој треба да ги побара советите главната премиерска фаца во власта и да ги послуша се јалови, кога никој не ги слуша, па и престанале да ги даваат. Тој што треба да послуша сам си се советува и сам сите конци ги држи во свои раце и делува по нагон на бес, завист и осветољубие, бидејки три год поминаа во тргување, бришење, освета кон поранешни функционери на минатата власт, политички прогон за неистомисленици и драконски затворски казни како освета за бокс и тупаница! Освета и притвори на граѓани со национални чувства, одма му се пуштаат со заплашување, претење и тортура да го замолчат и да не биде патриот кој така јавно и страсно ја сака Македонија! Деновиве Шведска не го испорача бранителот обвинет од 27 април по барање на власта во Македонија, под изговор, нема елементи за тероризам туку е тоа политички прогон и за да може да го заштити шведскиот суд бараниот со интерпол, му предложиле да побара азил и да остане во заштита на државата! Тоа е што се однесува до шведскиот суд и држава, а наместениве по диктат северни судови, УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ се казнети со драконски казни за тероризам. Ќе има ли ревизија на казните и ќе се преиначи ли делото од нашето рекет судство (чест на чесните). Ама, во Шведска владее демократија и правда, а кај нас владее Кацарска и Рускивска судство исклучиво по диктат на Заев. Тоа го потврди и скорешната бомба од т. н. Ел Чека за случајот,, МОНСТРУМ,,.. Од бомбата одекна силно пак, самоволие извршено под притисок на ДУИ, монструмите анти исламисти повратници од војските на ИСИЛ, да бидат пуштени и токму тие пуштените биле убиците на децата и еден возрасен човек кој случајно се нашол на Смилковското езето! И зошто ги плаќаме советниците на Заев кога тој ги слуша оние на кои им вети преспански, тиранска, бугарски договор, двојазичност и менување на име, идентитет, историја и личен опис на македонците, за да го донесат на власт! Три години тргува со( /////) и одработува тирански, бугарски и преспански договори! А, меѓувреме за освета на поранешната власт Цацко Конопишки К-15,прифати советничко место во владата.. И што да кажам за неговите совети како во скечевите на К-15..Иронично до балчак. Какви советници таква влада, кога владино ауди и чанта на Луј Витон полна со милион евра се развозува низ владините гаражи, скечивите на Цацко стануваат вистински сцени кои се случувале во филмовите,, Кум,, 1,2, и 3.! Кога се судеа бранителите, Груевски и други поранешни функционери на минатата власт, сведоци бевме на нечовечки и нехумани судења и закажување на рочишта унакрсно и секој ден кои траеја и повеќе од 10-15 часа.. Сега кога имаме грабеж невиден на овие простори и пошироко, Русковска, Катица Јаневска, Јово Вангеливски и уште многу судии и обвинители се на колективен одмор во Калитеа во хотелот на некоја си Дики и таа со некоја вмешаност.И мува не ги лази да застанат на ниво на професијата и по аферата “РЕКЕТ” да почнат сериизно да постапуваат! А кој-кого да апси?! Дилемата кај народот, пак, е голема, кој кого да суди и приведува кога цел извршен, единица и апелација со се СЈО се спомнуваат со имиња во видеата на италијанскиот портал,, Ла Верита,,! Заев, како и секогаш

Заев, како и секогаш се наоѓа на врвот на инволвирани во секоја афера, па така и во рекетарскава дружина и се брани дека бил злоупотребен од Боки Тредичи и дека он ништо не знае за тоа, со Тредичи скоро и да не се познава, Ката ја видел дали два пати, дали три пати, Русковска ја познава само од ТВ итн. Смешки.. Или хумор и сатира околу “злоупотребениов” премиер кој го злоупотребуваат и САД и Еу и цел Балкан, нарочито Грци, Бугари и Албанци! И си мисли го сакаат и го почитуваат, па дава се што ќе му побараат, доброволно се согласи да биде нивни поробен слуга до исмевање колку е умислен дека се’ дава во име на добрососедските односи, а не дека го коленичат и кичмат дека е со IQ 33! И на крај, трикратен аболициран криминалец го работи она што најдобро го знае, а тоа е да краде, нелегално да тргува, да лаже, да рекетира и дргари да му бидат цело подземја и надземје! Советниците обединети, платите редовни, големи глава боли, фотељите удобни.. Само државата секојдневно се распаѓа од силните детонации на бомбите кои стасуваат секојдневно од четири страни на светот! Македонија е жива! И ќе живее! А, северна умира секој ден се повеќе и по траорно! А, за РЕКЕТОТ, кој-кога?! Што-како?! Ич не се секирај, се ќе биде.. ОК!

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!