Свет

Вирусот Корона ја одложи парадата во Москва : Путин донесе одлука, без прослава на Денот на победата

Во живо: Се слави победата над фашизмот – голема воена парада во ...

Рускиот претседател смета дека би било премногу ризично да се одржи парада во овие околности

Прославата на Денот на победата нема да се одржи на 9 мај во Москва, одлучи рускиот претседател Владимир Путин .

„Одржувањето на парадата би било премногу ризично, поради коронавирусот во овој момент“, рече претседателот Путин.

Воената парада традиционално се одржуваше во Москва на 9 мај, но Кремљ сепак одлучи да ја одложи.

Во февруари, министерот за одбрана Сергеј Шогу објави дека на парадата на Црвениот плоштад ќе учествуваат 15.000 војници и 375 воени возила и авиони, вклучувајќи ги и најновите елементи на рускиот арсенал. Францускиот претседател Емануел Макрон беше меѓу светските лидери кои се очекуваше да присуствуваат, давајќи  престиж на настанот во време кога Русија сè уште е под западни санкции поради нејзината интервенција во Украина.

Планирана беше специјална четиридневна програма за ветераните кои се очекуваше да дојдат во Москва за настанот.

Рускиот лидер истакна дека  парадата на Црвениот плоштад и маршот „Бесмртни полк“  ќе се одржи во 2020 година. Инаку цела оваа година е прогласена за Година на сеќавање и слава.

Loading...

Related posts

Leave a Comment