Македонија

ВИТАНОВ: На оние кои не туркаат во ЕУ и НАТО заради сигурност им го препорачувам Идризово, таму е најсигурно!(ВИДЕО)

Нашите самонаречени лидери се режимски лидери на глобализаторскиот систем, класични извршители, изјави синоќа Зоран Витанов во поткастот на политичката партија Родина Македонија.

Имаме партија на власт или коалиција, како сакате наречете ја, особено тука алудирам на СДСМ, која што вели ние сами не можеме да опстанеме и ако не си ја дадеме честа не можеме да опстанеме. Кој размислува така? Па проститутката, рече Витанов. Затоа што таа верува дека е неспособна и си ја продава честа оти нема што да даде.

Можеш да останеш човек само ако си ја зачуваш слободата по цена на живот и смрт, додаде Витанов кој исто така рече: не туркаат во ЕУ и НАТО под изговор на сигурност, но, со тоа ја изгубивме и слободата и сето она за кое се залагаа нашите предци.

Бидејќи сакаат сигурност, им го препорачувам затворот во Идризово, таму е најсигурно, ќе бидат чувани од професионалци, ќе добиваат три оброка на ден бесплатно и ќе имаат кров над глава.

Погледнете го видеото овде :

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!