Свет

Вице-канцеларот на Австрија поднесе оставка поради скандалозна видео снимка

На прес-конференција во Виена, Хајнц Кристијан Страче ја објави својата оставка од функциите на вицеканцелар и претседател на владејачката Партија на слободата

 

Вице-канцеларот на Австрија, Хајнц Кристијан Страше, во денес поднесе оставка откако германските медиуми објавија скандалозно видео кое покажува негово учество во сомнителни финансиски договори .

На прес-конференцијата во Виена, тој ја објави својата оставка од функциите на вицеканцелар и претседател на владејачката Партија на слободата.

“Во недела, во партискиот президиум, ќе го организирам пренесувањето на овластувањата на претседателот на мојата партија и ќе поднесам оставка од позицијата  лидер на партијата [Австриска слободна партија]”, рече Страче.

“Отсега натаму, мојот заменик Норберт Хофер (австриски министер за транспорт) ќе ги преземе работите во партијата”, додаде тој,

Во петокот “Шпигел” и “Зидојчче цајтунг” објавија видеоснимка во која се гледа како Страче  се сретнал со богата руска жена во 2017 година , очигледно нудејќи и државни договори за една компанија во замена за финансирање на изборната кампања на неговата партија пред парламентарните избори. Ова видео предизвика политички скандал во Австрија. Ревизорската комора на земјата побара Партијата на слободата да ги разјасни изјавите на нејзиниот водач. Канцеларијата на Врховниот обвинител ја презеде верификацијата на информациите за тајното финансирање на Австриската слободна партија.

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment