Македонија

Владимир Панчевски : ОВА НЕ СЕ ПРИКАЗНИТЕ НА ГЕРО, ова е трилерот наречен живот во Северна!

Откриена игранката за предметот “РЕКЕТ”!

– имало демек снимка од “купопродажбата на обвинителот” која нели не е пим-мерка, бидејки не е снимано со судска наредба? Ама демек ОЈО повело постапка бидејки било јавен интерес…

– чудно како на територија на Македонија снимала служба на странска држава? Како тоа државните институции немале појма? Исто како и со протоколот на руските пранкери, нели?

– бизнисменот дал пари од 1,5 милиони евра, ама париве не биле обележани??! И не е јасно како се дадени?

– пари дале и други бизнисмени, ама не знаеме кој снимал во тие случаи и дали парите што ги дале биле обележани?!

– каде се парите сега во моментов, на чија сметка или во чија пандорина кутија, како се потврдува дека се навистина дадени? Што ако не се или ги нема? Запленети ли се парите?

– што мислите кој дава пари во вакви ситуации, виновен, невин или исплашен човек, дали некои ликови, ситуациии и настани можат да се подведат под наведениве три состојби?

– оштетените (бизнисмениве де) имале вин-вин ситуација ако дадат пари им било ветено дека ќе бидат елегантно ослободени од СЈО но, и ако дадат и го наместат обвинителот и посредниците заради соработка ќе бидат ослободени од вина, од кој друг ако не од ОЈО за организиран! Ама како што кажа светото тројство Вилма-Љупчо-Лиле им било ветено кога однапред, па неки странци снимале, отпосле па нели Заев пријавил!

– планирано е власта и правосудството предметот да го заврши според добро воспоставената обвинителската пракса “едно евро” и после некое време ОЈО да се повлече бидејки нема реално доказ за дадени пари преку сметка или ќеш (не се бележани) има само снимка за преговори за ќеш која не е законски снимана по наредба на суд, а без снимка нема дело, памтите како беше?! Зоки и Боки одглумиле, а ќешот ги чека!

– како тоа Боки перел пари? Каде ги пуштил во оптек за да ги врати во системот како чисти или тоа е преку подароците на државните функционети?

– имаме поли-вин-вин ситуација за власта, таа се ослободува од притисокот да го продолжи животот на СЈО, прави бајпас на опозицијата, легално елегантно ја префрла надлежноста од СЈО врз Јавното обвинителство (а памтите СЈО нели се формираше дека другото не беше функционално, но сега откако е под владина капа за чудо профункционира како пупка и може да си го интегрира и СЈО како свој добро екипиран инструмент), патем со ова е решен и проблемот со уставноста и уставните судии конечно ќе можат са здивнат од притисокот на иницијативата за уставност на СЈО, а богами и професорите и со се ова се докажува дека Јавното обвинителство застанало на Европски пат и има вистинска правда во Македонија.

– што мислите зошто баш премиерот го пријавува делово и зошто 3 месеци се чека да дојде до расплет на нешто што е веќе документирано?

– зоки, боки, коки, моки, фрфљо се само добро изрежирана забава за народ, фрики и кики се да се пали партиското членство, а режисерот е тука некаде можеби над или под калето?

– навидум со аферава се покажува отсуство на влијание на амбасадите во општествено-политичкиот живот во Македонија иако до скоро жолчно го поддржуваа СЈО сега само навидум глумат за нас граѓаните дека не се мешаат во правдата. Додека странскиот фактор ја аминува целата оваа операција и демек седи на страна “ефикасните” институции како ОЈО сега билдаат кредибилитет дека исполниле критериуми за европско владеење на правото и правда за сите?!

– додека јавноста е поделена во радоста и тагата дека Катица шестица не успеала во нејзината работа, на сите ни станува повеќе или помалку јасно дека кај СЈО не постоело право туку театар и никогаш не се очекувал успех туку тоа бил инструмент за освојување и преклопување на системот, во ова што денес го имаме!

– да Катица се измори ја спасија од играта и сега некаде далеку ќе и дадат заштита и ќе ужива во вака заработените милиони

– Боки и Зоки ќе ги снајде некоја судбина или можеби сами ќе си пресудат, ако планот тргне на лошо

– има уште многу да се напише и многу да се праша… што мислите за оваа измама на сопствениот народ? Колку закони се повредени?

– што кога овој балон ќе пукне како меур од сапуница?

– останатото помалку или повеќе го знаете…изгубивме прекрасна држава во која можевме се да имаме…

Ви посакувам добра ноќ и еден ден светло и кристално чисто утро, не зора!

 

ФБ Статус на Владимир Панчевски

Related posts

Leave a Comment