ФБ Статуси

Владимир Трајковски: Ќе апсите за прикривање злосторства во туѓа држава, а ќе ги прикривате оние кои се случија во сопствената и ќе амнестирате убијци, ѕверови, сатрапи кои на нашите браќа со нож им врежуваа букви на грб?

Ќе апсите за прикривање злосторства во туѓа држава, а ќе ги прикривате оние кои се случија во сопствената и ќе амнестирате убијци, ѕверови, сатрапи кои на нашите браќа со нож им врежуваа букви на грб?

Ќе не апсите со поддршка на оние кои на нас дигнаа пушка во 2001та а сега амнестирани заедно со вас се во обвинителството?
Со оние кои врзаа цивили за столб на хотелот Бриони и ги дигнаа во воздух заедно со хотелот? Со нив ли ќе не апсите?
Со вашите коалициони партнери кои им сечеа парче по парче месо на бранителите кај Вејце, ќе одлучувате кој е за апсаана?
Со дезертерот од АРМ кој сега ви е претседател на собранието, а нареди заседа на резервистите кај Карпалак ќе го изгласате правилникот за апсење?
Од страв да не ја изгубите поддршката од Ахмети за вашите удобни фотељи 21 година не откривте каде овој господин ги однесе киднапираните македонци? Прашајте го вашиот Артан дали случајно ги видел во жолтата куќа?
Пу арам да ви е мајчиното млеко. Арам да ви е земјата Македонска која ја поганите бре предавници. Имате ли барем трошка совест во себе?
Не, немате, затоа што ако имавте, немаше немо да гледате и да аминувате крчмење на Македонија, менување на нејзиното име, прекројување на нејзината историја, фалсификување на етничката структура во корист на еден ентитет на штета на сопствениот народ.
Одроди, не си играјте со трпението на Македонецот, да не речете после не сме ви кажале што ќе се случи. А ќе ви се случат Дунав, Сава, Вардар во едно. Поплава која ќе ве однесе на буништето на историјата.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!