Здравје

Воспалителен синдром што ги погодува децата : Кавасаки болест, КОВИД-19 или нешто друго?

Постојат многу медицински неизвесности кои се вртат околу приказната со COVID-19, но општо прифатена обсервација е дека децата се меѓу најмалку погодените, како по број, така и со сериозноста на симптомите. Барем до неодамна.

Во Велика Британија, на неколку места во Европа и на неколку локации во САД (вклучувајќи ги Њу ЈоркЊу ХевенЛос Анџелес и областа околу Сан Франциско), излегоа извештаи со прикажан педијатриски воспалителен синдром, за кој многумина брзаат да го обвинат COVID-19. Њу Јорк ја препиша смртта на пет деца на мистериозна болест што, во некои случаи, резултираше во мултисистемско откажување на органите.

Збирот  на симптоми што „ги погодуваат и новородените и тинејџерите“ ги натера лекарите да направат споредби со ретката воспалителна состојба во детството наречена Кавасаки болест (КБ), како и со синдромот на токсичен шок (состојба која е резултат на труење со бактериски токсини). Неколку години пред COVID-19 да се појави на сцената, ЦКБ процени дека околу 5 450 деца, првенствено под пет години, се хоспитализирани со КБ секоја година во САД – што е еквивалентно на околу 15 случаи на ден. Иако е ретка во споредба со другите детски болести, КБ привлекува загриженост како водечка причина за детската коронарна артериска болест, при што аневризмите загрозувачки по живот – се можен исход.

До почетокот на мај, додека потврдија дека новиот синдром е „Кавасаки-сличен“, некои истражувачи сугерираа дека „навистина е надвор од тоа“ и го спојуваа со  КОВИД-19 како погодно објаснување – иако во Њу Јорк, нешто под половина (40%) од заболените деца биле позитивни на SARS-CoV-2 со PCR тест. Претпоставувајќи дека болеста може да биде воспалителна реакција на доцната фаза на инфекција САРС-КоВ-2, лекарите го крстија очигледно новиот воспалителен синдром како „детски мултисистемски воспалителен синдром привремено поврзан со КОВИД-19“, а подоцна се решија на  по „пријателски“ акроним – „педијатриски воспалителен мултисистемски синдром“ (PIMS).

Што знаат лекарите и научниците за „загадочната“ болест Кавасаки?

Да се постават вистинските прашања во врска со воспалителниот синдром – вклучително и дали тој е навистина нов и да сфатиме зошто некои клиничари прават врска со болеста Кавасаки, можеби е корисно да се разгледа она што е познато (а што непознато) за КБ. За заболувањето Кавасаки не било чуено пред 1960-тите и 1970-тите, кога клиничарите почнале да се сретнуваат со новиот сет на симптоми истовремено и независно ширум светот, на крајот именувајќи ја состојбата по јапонскиот истражувач кој прв ги објавил своите откритија. Половина век подоцна, истражувачите сè уште ја карактеризираат КБ како фрустрирачки „загадочна“ состојба.

Лекарите ja дијагностицираат Кавасаки болеста, понекогаш наречен Кавасаки синдром (КС) – единствено врз основа на серија симптоми. За „класична“ или “типична“ КБ симтомите вклучуваат: пет или повеќе дена висока температура, плус четири од можните 5 симптоми: осип на трупот и препоните; екстремно црвени очи; суви, испукани црвени усни и отечен „црвена јагода“ јазик ; црвенило и лупење на рацете и нозете и отечени лимфни јазли. Клиничарите може да дијагностицираат „нецелосна“ КБ, доколку пациентот има истата продолжена треска, но помалку од другите симптоми.

Децата на кои им е дијагностициран „PIMS “ покажуваат некои симптоми – треска, осип и црвенило на очите – кои се генерички не само за КБ, туку и за многу детски болести и за реакции од вакцини. Во земји кои рутински им даваат вакцина BCG на новороденчињата за заштита од туберкулоза, клиничарите ја опишаа „BCGitis“ ( Бесежитис – акутно воспаление на местото на претходната инокулација со BCG), како корисна алатка за рано дијагностицирање на КБ, бидејќи е толку распространета и прераскажувана реакција.

Некои аспекти, односно симптоми на „ PIMS“ се невообичаени за КБ. Како шок, голема преваленца на силна болка во стомакот и гастроинтестинални симптоми, „маркери на срцева повреда повисоки отколку што обично се гледа кај Кавасаки болест“ и воспаление на срцевиот мускул наместо коронарните артерии. Исто така атипично е што три четвртини од заболените се над пет години, вклучително и 16% на возраст меѓу 15 и 19 години.

Среде теориите, има ли консензус?

Ова не е првпат научниците да се обидат да ја префрлат вината за КБ на корона вирус. Во 2005 година,  како резултат на појавата на САРС во раните 2000-ти, што прв ги придвижи човечките корона вируси во популарната свест, истражувачите од универзитетот Јеил известија дека идентификувале „корона вирус на Нов Хевен“ (HCoV-NH), во респираторните секрети на осум деца со КБ, како и едно дете со инфекција на респираторниот тракт. Забележувајќи го долгогодишното сомневање дека „тежок за фаќање“ заразен агенс или „абнормална имунолошка реакција на инфекција“ може да биде причина за КБ, авторите на Јеил предложија разгледување на HCoV-NH како кандидат. Како и да е, опишувајќи ги човековите корона вируси како „присутни насекаде“, тие признаа дека се збунети зошто КБ ќе се појави само „во релативно мал број на деца“. После ова нема нови публикации.

Подоцна, други истражувачи посочија дека КБ може да биде манифестација на „необичен степен на имунизација што е предизвикан од токсини од бактериски и вирусни протеини кои дејствуваат како суперантигени“ – објаснување што ги врзуваше КБ и синдромот на токсичен шок. Поддржувачите на теоријата на „суперантиген“ сугерираа дека „менингококот кој произведува токсини може да предизвика КБ на истиот начин“, односно дека токсините произведени од Staphylococcus aureus или други бактерии можат да доведат до синдром на токсичен шок.

Може ли менингококните или другите вакцини да бидат виновници за оваа болест?

Кога истражувачите спроведоа студии за менингококната Б вакцина – Bexero, кај европските адолесценти и новороденчиња од 2008 до 2010 година, „повеќето“ приматели на вакцини доживеале црвенило на кожата, над половина пријавиле висока температура и шест деца развиле Кавасаки болест. Истражувачите забележале само еден случај на КБ во контролната група (кои добиле четири други вакцини за седум болести, но не и Бексеро). Покрај тоа, за Бексеро присутни се и извештаи за Синдром на ненадејна смрт кај новороденче (SIDS).

Коментирајќи ги синергистичките ефекти, истражувачите ја забележаа поврзаноста на Бексеро со „повеќе загрижувачки системски неповолни настани (особено треска). . . кога ја коадминистрирале со рутински вакцини за новороденчиња, отколку кога вакцините биле администрирани сами“. Во септември 2015 година, Велика Британија стана првата земја во светот што започна да администрира три дози на Бексаро, на новороденчиња во првата година од животот. Истражувачите од Велика Британија исто така беа првите што објавија извештај за „новиот воспалителен синдром поврзан со КОВИД-19“, во април 2020 година.

Минатата година, канадските истражувачи ја идентификуваа Кавасаки болеста како „состојба од интерес“ за надзор на безбедноста на детските вакциниповикувајќи се на тековните извештаи за Кавасаки болеста, од пасивните системи кои ги следат несаканите ефекти по имунизацијата (AEFI). Во извештаите за случаи надвор од САД е опишана привремена поврзаност помеѓу Кавасаки болеста и широк спектар на вакцини, вклучувајќи хепатит А и Бротавирусгрип, ДТП или ДТаП, пневмококни вакцини и вакцини за жолта треска.

Иако некои истражувачи се обидоа да ги негираат доказите за  вакцините против ротавирус, како „докази со низок квалитет“, во упатството на двете вакцини против ротавирус лиценцирани во САД  – Кавасаки болеста е содржана како сериозен несакан настан. Како и кај Бексеро, истражувачите шпекулираа за можноста од „независно или комбинирано дејство (на вакцинација со ротавирус) со истовремена друга имунизација“.

Две студии – една спроведена во Сингапур и една во САД — истакнуваат поврзаност помеѓу 13-валентната конјугирана пневмококна вакцина (PCV13) ​​и КБ:

–   Истражувачите од Сингапур ги разгледале сите мали деца (под две години) хоспитализирани со КБ во нивната болница од 2010 до 2014 година, сметајќи ги децата кај кои почетокот на КБ се случила во рок од еден месец од вакцинирањето со PCV13. Пишувајќи во „Природа“, во 2019 година, авторите негираа секаков зголемен ризик, но објавија „приближно двојно зголемен ризик од комплетна КБ во рамките на интервалот на ризик од 28 дена по приемот на првата доза на PCV13 “. Истражувачите се оградија од јавноста со „итна“ молба да ги потврдат своите наоди.

–   Студијата во САД, анализа на Vaccine Safety Datalink во 2013 година од страна на истражувачи од Кајзер Перменте, исто така, разгледуваа деца до две години, споредувајќи ги оние кои добиле PCV13 од 2010-2012 со деца од иста возраст кои примале вакцина PCV7, во средината на 2000-тите. За новороденчињата и мали деца вакцинирани со PCV13, веројатноста за развој на КБ е 1,94 пати поголема отколку кај оние кои добиле PCV7 – повторно наод што заслужува „понатамошно испитување“.

Може ли живата да игра улога?

Друг фактор поврзан со вакцините што може да придонесе за некои од оние што се обележани како КБ или Кавасаки синдром е живата. Во писмото до уредникот на „Имунолошки истражувања“, објавено во 2016 година, италијански истражувачи забележале дека стапката на КБ пораснала за 10-20 пати во текот на 15те години што „се совпадна со најголемата употреба на тимеросал“ во вакцините „рутински дадени на новороденчиња на возраст од 6 месеци“. Според авторите, околу една петтина од пријавените случаи „манифестирале симптоми на КС истиот ден на вакцинирање, што предизвикува сомневање дека дури и единечни дози на вакцини што содржат тимеросал може да имаат имуно – ексицитотоксични механизми кај деца“.

Покрај живата во вакцините, италијанските автори го насочија вниманието на читателите кон асоцијацијата помеѓу загадувањето со жива од животната средина и КБ, како и коинциденцијата помеѓу симптомите на КД и презентирање на акродинија, сега веќе заборавена детска состојба поврзана со хронично труење од прашоци за заби кои содржат жива. Резимето на акродинија (АД) во издание од 2008 година го илустрира видното преклопување со КБ:

„Почетокот на АД се карактеризира со висока температура која трае повеќе од 5 дена; разновиден осип, како што се еритематозни осипи, или се појавуваат како сипаници или црвенило треска; отечени лимфни јазли, особено во вратот; светло црвени потечени раце и нозе; црвени, иритирани очи без изцедок; светло црвена иритирана уста, усни и грло. Најчесто се забележуваат невролошки, кожни и кардиоваскуларни симптоми. Сепак, болеста е многу варијабилна; кожните симптоми може да бидат благи или да ги нема, додека невролошките симптоми секогаш изгледа дека се присутни. Тоа беше објаснето како инфекција или недостаток на хранливи материи и се појавуваше најмногу во периодот на растење на заби“.

Други истражувачи се согласуваат дека е разумно да се гледа КБ како „акутна фебрилна форма на акродинија“. Обраќајќи се на прашањето зошто само мал дел од децата изложени на тимеросал или друга форма на жива развиваат КБ, овие истражувачи (пишувано во 2012 година) идентификувале генетска варијација (или „единечен нуклеотиден полиморфизам“) што ги прави некои деца „поподложни на автоимунитет предизвикан од тимеросал и корорнарна артериска лезија забележана во Кавасаки синдромот“.

Тешки прашања што заслужуваат одговор

Околу „PIMS“ и чудните паралели со болеста Кавасаки и синдромот на токсичен шок, јасно е дека има голем број прашања што треба да се постават:

Дали има bona fide причини да се сомневате за врската со КОВИД-19, освен фактот дека фаличното тестирање со PCR дава „позитивни“ резултати кај некои, но во никој случај не кај сите деца, додека друга подгрупа има антитела на САРС-КоВ-2?

Во болницата Јеил каде што лекарите во моментот лекуваат шест педијатриски случаи, професор од  Јеил предупреди да не се повлекуват вакви заклучоци, велејќи: „Лудо е – гледаме работи и кај возрасни и кај деца што порано не сме виделе со одредена заразна болест. Но, пред да се припишат ретки и комплицирани работи на КОВИД-19, мислам дека треба да се вратиме и да научиме повеќе за тоа“.

Дали COVID-19 нуди готов одговор на сложениот проблем?

Барајќи да се утврди она што се случува во поширок контекст, друг лекар нѐ потсетува дека од 12 до 15 случаи на КБ се случуваат секојдневно, доста долго пред КОВИД-19. Тој прашува дали COVID-19 може едноставно да понуди удобна корпа за дијагностицирање, во која ќе се стави инаку слабо разбраната болест. Дури и гувернерот на Њу Јорк изјави: „Овие деца случајно имаат антитела или се позитивни на КОВИД… но, тоа не беа симптомите што ги покажаа кога влегоа во болничкиот систем “.

Дали децата имале неодамнешна изложеност на токсини во животната средина, вклучително, но не ограничувајќи се на жива?

Студијата за КБ штотуку објавена во северна Италија, истиот регион со голема загаденост на воздухот, силно засегнат од КОВИД-19 – објави силна корелација помеѓу „фреквенцијата на Кавасаки болеста и факторите на животната средина“, вклучувајќи ги и загадувачите на воздухот. Методологијата на студијата не им овозможи на истражителите да посочат кои честички можат да бидат одговорни. Студиите од САД, исто така, ја поврзаа КБ со предизвикувачи од воздухот. Дали истото може да важи и за болеста „слична на Кавасаки“ што му се припишува на КОВИД-19?

На кои видови отрови може да бидат изложени  децата додека се дома без „свеж воздух или сончева светлина“? Со оглед на тоа што Кавасаки болеста и синдромот на токсичен шок се поврзани со токсините, ова е прашање на кое се бара одговор.

Дали некој ја проценува неодамнешната историја на вакцинирање на засегнатите деца?

Како што сугерира големото тело на истражување што ги поврзува КБ и вакцините, искуства за вакцинација на дете – како што е времето на претходна вакцинација, специфичните вакцини што се администрирани, дали детето добило повеќе вакцини одеднаш и дали добило вакцини што содржат тимеросал, како што се вакцини против грип – можат да дадат важни индиции. Испитувањето на претходната (и евентуално неодамнешната) историја на вакцини против грип кај децата е особено релевантно, бидејќи студијата поддржана од ЦКБ за 2018 година, покажа зголемен ризик од акутна респираторна болест (не грип), кај деца вакцинирани против грип, во споредба со деца кои не добиле вакцина против грип.

Кај возрасните, една студија објавена од американската војска во почетокот на 2020 година, исто така, го истакна ова прашање, покажувајќи дека војниците кои примиле вакцина против грип имаат зголемен ризик од 36% од последователна инфекција со корона вирус. Бидејќи студиите докажуваат дека невакцинираните деца се поздрави, можеби треба да се прашуваме дали КБ или некој „PIMS“, дури и се јавува кај невакцинирани деца.

Дали компонентите на вакцините можат да функционираат како супер антигени, што предизвикуваат „невообичаен степен на имуно активирање“?

Научниците кои ги проучувале „специфичните карактеристики на имунолошкиот систем“ кај деца со КБ, признаваат дека „антигенската стимулација“ предизвикана од вакцини и други биолошки препарати има капацитет да создаде „имунолошки пречки“.

7 Во врска со претходното прашање, дали е можно воспалителниот синдром што го гледаме кај децата, ако е нов, да претставува резултат на „иницијално полнење на патогенот (pathogen priming)“, механизам што другите истражувачи еуфемистички го опишуваат како „имунолошко засилување“? (Повеќе овде.) Ваквата појава може да се јави кога протеините во вирусни вакцини (или вируси) се толку слични („хомологни“) со протеините кај луѓето што последователно активираат автоимунитет надвор од контрола или хиперсензитивни реакции, како што се синдром на токсичен шок и одложена анафилакса. Друго прашање се однесува на тоа дали може да има „адвентистички агенси“ или загадувачи, можеби дури и корона вируси – во вакцините за грип или други вирусни вакцини, што би можеле да предизвикат „иницијално полнење“ на имунолошкиот систем на приматели на вакцини, за да отидат надвор од контрола кога подоцна ќе се сретнат со САРС-КоВ-2.

Во овој момент, веројатно е близу до невозможно да се утврди дали „PIMS“ е сосема нов и дали е поврзан со COVID-19. Секако, зголемувањето на описите на КОВИД-19 како на „целото тело“, а не само како респираторно заболување, ги убедило некои клиничари дека САРС-КоВ-2 е способен да ги нападне крвните садови и повеќе органи.

Од друга страна, ниту PCR, ниту тестирањето на антитела за SARS-CoV-2 не е доволно сигурно тестирање, а значителен дел од заболените деца кои биле тестирани- биле негативни на едниот или на двата теста. Зошто, според тоа, еден дел истражувачи, заедно со сите мејнстрим медиуми, решија да известуваат за  верувањето дека новиот педијатриски синдром е поврзан со КОВИД-19?

Иако „можно е новиот корона вирус да има одреден придонес кон  оваа ретка болест кај децата“, исто така е сосема можно дека има „апсолутно никаква улога“ и е приказна која можеби непотребно ги исплаши родителите за ретка болест (околу 5000 случаи годишно) за која пред КОВИД-19, малкумина зборуваа. Одговорите на овие прашања се од огромна важност, бидејќи тие ќе влијаат на секојдневниот живот на децата, обликувајќи го нивниот пат на образование и многу повеќе.

Извор Од нас за нас

Related posts

Leave a Comment