Во Бразил, вклучително и во Рио де Жанеиро, продолжуваат масовните протести против резултатите од претседателските избори. Победник беше претходно осудениот Лула да Силва. Поддржувачите на Жаир Болсонаро веќе неколку дена излегуваат на улиците и ги блокираат патиштата во знак на протест.
Многу Бразилци веруваат дека изборните резултати биле наместени. Камионџии блокираа патишта во 23 сојузни држави во Бразил.