Свет

Во Германија расте незадоволството од владата на Шолц

 

Германските граѓани се поделени околу потезите на германскиот канцелар Олаф Шолц за надминување на последиците од кризата предизвикана од ситуацијата околу Украина. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на Институтот Форса нарачано од телевизијата РТЛ, објави вчера локалниот медиум Ди Велт .

 

Само 46% од испитаниците се изјасниле позитивно за мерките што ги презема германската влада. Истовремено, 47 отсто од нив изразуваат незадоволство од работата на владата предводена од Олаф Шолц.

Напоменуваме дека во текот на изминатата недела бројот на незадоволни е зголемен за 5%. Така, за прв пат од почетокот на руската воена интервенција во Украина, уделот на Германците кои негативно ги оценуваат постапките на канцеларот го надмина уделот на оние кои ги нарекуваат доволни мерките на Шолц за надминување на последиците од кризата.

Уште понегативна беше реакцијата на испитаниците на пакетот за поддршка што Владата го договори на 25 март во контекст на поскапувањето на енергенсите. За потсетување, програмата предвидува даночни олеснувања од 300 евра, попусти на бензин и дизел, како и паушална исплата од 100 евра на семејствата за секое дете. Според истражувањето, само 29% од испитаниците рекле дека овие мерки би биле доволни за да се ублажи влијанието на порастот на цените на енергијата. Мнозинството од испитаниците, 64 отсто, ги нарекоа владините мерки недоволни.

Мислењата на граѓаните се поделени и околу тоа дали Германија целосно да се откаже од рускиот гас и нафта. Повеќе од половина од испитаниците (52%) изјавиле дека земјата не треба целосно да го прекине снабдувањето со енергија од Руската Федерација. Само 42 отсто од испитаниците ја нарекоа мерката неопходна и изразија подготвеност да се соочат со можните последици од недостигот, растот на цените и економската рецесија.

Треба да се напомене дека на 3 март, непосредно по почетокот на руската воена интервенција во Украина, повеќе од 60 отсто од испитаниците изјавиле дека германската влада треба да престане да увезува гас од Русија, додека 32 отсто беа против.

Ова го покажуваат резултатите од социолошкото истражување спроведено од Институтот Civey во име на германскиот неделник Wirtschaftswoche.Така, за помалку од еден месец, односот на германските граѓани кон прашањето за увоз на руска енергија претрпе големи промени.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!