Свет

Во експлозија на автомобил загина ќерката на рускиот филозоф Дугин(ВИДЕО)

Во вечерните часови на 20 август, во Подмосковље беше разнесен автомобил „ленд крузер прадо“ во кој била ќерката на Дугин, Дарија.

Според моментално достапните информации, инцидентот се случил во областа на селото Болши Вјаземи во близина на Москва во градскиот округ Одинцово. Сопственичката на автомобилот, Дарија Дугина, која била во возилото, починала на лице место.

Александар Дугин е познат како руски филозоф и публицист, основач на идеолошкото движење „неоевроазијаство“, а на руската јавност и е познат и по блискиот однос со претседателот Владимир Путин, врз кого наводно има големо влијание.

На овој дел од патот сообраќајот е блокиран.

Дарија Дугина, како и нејзиниот татко, се занимаваше со новинарство, филозофија и политички науки. Во јули 2022 година, Александар Дугин беше на списокот на лица на кои Велика Британија им воведе санкции поради конфликтот во Украина.

Филозофот Александар Дугин прв се нашол на местото на експлозијата на автомобилот во кој патувала неговата ќерка Дарија од фестивалот Традиција.

Руска Известија речиси веднаш по експлозијата на автомобилот објави видео на кое се гледа дека Дугин е веќе на местото на настанот.

Во овој автомобил требало да се вози филозофот, но во последен момент тој влегол во друг автомобил. Во исто време двете возила истовремено излегле од паркингот, па трагедијата се случила пред очите на таткото на Дарја Дугина.

Во моментов, истражителите работат со Александар Дугин, тие ги обновуваат сите околности на инцидентот.

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!