Религија

Во Ерусалим за процесијата на Светиот оган присутни само вакцинираните од Ковид

ЕРУСАЛИМ  – Стотици вакцинирани христијански верници ако така можат да се наречат, го искористија израелското олеснување на ограничувањата во саботата, посетувајќи ја ерусалимската црква почитувана како место на распетието на Исус и воскресението, еден ден пред православниот Велигден.

Верниците се собраа во Црквата на Светиот Гроб, чекајќи да се појават духовници со Светиот оган од Едикуле, комора изградена на местото каде што христијаните веруваат дека бил погребан Исус и воскреснал од мртвите откако бил распнат на крст.

Само неколку луѓе во црквата носеа маски и немаше дистанцирање. Влезот беше ограничен на оние кои беа целосно вакцинирани.

Грчко-православниот патријарх од Ерусалим Теофилос Трети го водеше настанот.

Сцената во црквата беше силен контраст со минатата година, кога само неколку религиозни водачи ја одржаа вековната церемонија во речиси празен амбиент наметнат од пандемијата.

Израел значително ги укина повеќето ограничувања, вклучително и носење маски на јавно место, по масовната вакцинација која е водечка во светот. 

Во нормални години, христијанските празници, вклучително и Божиќ и Велигден, привлекуваат десетици илјади туристи и аџии на светите места во Ерусалим и Витлеем.

Многу земји ќе ги ограничат нормалните Православни празници за Велигден. Соседен Либан, на пример, отиде во дводневен полициски час за да се спречи ширењето на коронавирусот, од сабота до вторникот наутро. На црквите ќе им биде дозволено да одржуваат велигденска миси и молитви само со капацитет од 30% и им се потребни посебни дозволи.

Со оваа практика, во црквите да влегуваат само вакцинирани луѓе не се согласуваат огромен број на православни верници ширум светот, а поделбата меѓу свештенството по ова прашање исто така добива на интензитет. Апсурдно е тоа што верници кои веруваат во чудото дека Бог преку Светитот Дух може од ладниот надгробен камен да створи оган, не веруваат дека истиот тој Бог може да ги заштити од вируси. Тој ист Бог дигаше мртви од гроб, лечеше лепрозни, прогледуваше слепи..  Дали ги живееме последните денови?!!

Loading...

Related posts

Leave a Comment