Македонија

Во Македонија има антракс, здравствените и ветеринарните власти криеле, обелодени опозицијата

 

Прв случај на антракс годинава регистриран во Македонија. Заразната болест е потврдена кај угината овца од кичевско село. Засега нема заболени луѓе, за што тврдат и здравствените власти. Но превентивна терапија веќе една недела земаат вработени од факултетот за ветерина кои ги правеле анализите на овцата, како и локално население кое било во директен или индиректен контакт со животното.

Ситуацијата внимателно се следи и се постапува високо стручно по најсовремени светски протоколи. Преземени се сите потребни мерки за превенција со профилакса од Антракс, коментираат од Министерството за здравство.

Веста дека во државата има антракс ја обелоденија не надлежните, туку опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Директорот на агенцијата за храна и ветеринарство и министерот Димковски мора да одговорат дали се преземени сите законски мерки за спречување на ширењето на оваа заразна болест и дали жителите од заразеното подрачје се посетени од страна на стручни лица од центарот за јавно здравство за да се заштитат луѓето, или се чека болеста да земе замав и да има последици по животите на граѓаните.

За овој крајно несериозен пристап на директорот на агенцијата за храна и ветеринарство и министерот за земјоделство Димковски мора да има одговорност затоа што сериозно е загрозено здравјето на граѓаните во Република Македонија, вели Цветан Трипуновски, ВМРО-ДПМНЕ.

Доцна попладне се огласија и од Агенцијата за храна и ветеринарство. Преку соопштение информираат дека биле преземени сите неопходни мерки за превенирање и ширење на заразата. Имало и итен состанок на Комисдијата за заразни болести, по чии насоки направиле епидемиолошко испитување за можниот извор на зараза.

Угинатите животни под надзор на официјален ветеринар се спалени и нештетно отстранети, во фармата е извршено темелно чистење и дезинфекција. Донесена е и  забрана за влез и излез на животни од и во одгледувалиштето.

Засега болеста е детектирана само кај едно одгледувалиште. Соседните одгледувалишта се ставени под надзор на официјален ветеринар, стои во одговорот од АХВ.

Од Агенцијата наредиле да бидат вакцинирани против антракс домашните животни во кичевското село а од опозицијата побараа да не собира политички поени со вакви теми.

Болеста се пренесува од заболено животно на човек. Може да предизвика сериозни компликации доколку заразениот навреме не побара лекарска помош. Постои кожен, белодробен и цревен антракс. Симптомите се јавуваат во рок од 7 дена по заразата. Последниот регистриран случај во Институтот за јавно здравје е во 2014 година. Од 2008 досега имало само 8 заразени со антракс.

 

video
play-rounded-fill

 

Извор Сител

Related posts

Leave a Comment