Колумни

Во смутното време , домашната политичка елита се стреми да му угоди на странскиот фактор , се , во штета на националните интереси и државниот суверенитет.

 

 

                                                                          Смутно време
Историскиот период во коj е разнишано државното устроjство до длабочината на неговиот фундамент е наречено ,, Смутно време ,, или ,, Смута,,. Низ таков период поминува Република Македониjа од 2015 година по сеи ден. Во смутното време , домашната политичка елита се стреми да му угоди на странскиот фактор , се , во штета на националните интереси и државниот суверенитет.
Паралелите се исцртуваат самите како бела нишка низ црното сукно на историjата.
Кон краjот на 16-тиот век (1598 г.) , кога со рускиот престол владеел царот  избран од Земскиот Собор , Борис Годунов , и кога почна процветот на Русиjа , на политичката сцена се поjавил Лажедимитриjа ( вистинскиот идентитет му е Григориj Отрепjев – побегнат калуѓер, учител по пеење ) . Тврдеjќи дека е вонбрачниот син на Иван Васиљевич Рjурик ( Иван Грозни ), а помогнат од полскиот крал Зигизмунд , со голема армиjа се приближил до Москва и ,, препознаен ,, и ,, признат ,, од маjката на вистинскиот Димитар ( загинат во детството под неразjаснати околности ), се устоличил на престолот – според правото на наследност. Оженат на полска аристократка Марина Jуревна Мнишек , лажниот цар бил спремен да jа католизира Русиjа и да jа препушти на растргнување на полскиот крал…
 Македониjа , втора декада од дваесет и првиот век… Помогнат од странски сили , недоброжелатели , и донесен да управува со Македониjа , но не во неjзин интерес , се поjави македонскиот лажедимитриjа – Зоран Заев. Токму во времето кога Република Македониjа , започна , да личи на современа држава и кога странските компании jа бележеа Македониjа на нивните деловни карти , се поjави ,, бомбашот,,  лажниот спасител на македонското огниште и семеjниот дим. Откога го омаловажиjа секоj македонски симбол и jа родоскрнавиjа  Родината, дивите орди на глобалистите , под раководство на , знаменосецот , Заев  го запоседнаа македонското собрание и изгласаа нелегална влада – чунки неправото не може да роди право. Узурпациjата на собранието Македонско ги, проголта, луѓето кои се обидоа да jа заштитат честа на Македониjа и ги окова во кандали тешки на многу години.
… Како што бездеjствено постапиjа руските болjари и кнезови во нападот на враговите странски , така и нашата политичка опозициjа безчинодеjствуваше во наjбезочниот атак коj некогаш се беше случил на една земjа и една држава. Дури и сега , во актуелниов миг , кога Лажедимитриjа Заев , доби , корпа од зелени пруќе исплетена , од Геjропеjската Униjа , опозиционерите наши ги свиткаа ушите во ролна и ги слушаат оправдувањата на антимакедонската влада. А , оправдувањето е како клоака – сите водоземци го имаат! Дури , опозиционерите вградени во системот , не се ни трудат да jа поправат ,, вратоврската ,, што З. З. им jа врза како jамка околу ухранетите шии , кои се клатат ставени во три пати поширокото тело ,над шал -таблата во Мерцедесот на Меркел.
Откога на сите родољуби  кои , ги истенчиа ѓоновите , по македонските улици и бараа подршка од партиjата … коjа во последниве триесетина години ( откога и беше дозволено од ,,меѓународната ,, да биде партнер во двопартиското македонско танго. Танго , имено затоа што има многу страст , но отсуствува епилог ) изнедри едно чудо политичари кои , набилдаа, кариери , повикуваjќи се  македонската генетичка мемориjа  – ВМРО. Но , за да бидат хармонични со времето , како што е хармоничен само галебот со своjот лет , приставиа уште и дека биле демократи. Со тоа го зазедоа почесното прво место во категориjата ,, Револуционери – Демократи ,,. Следните позиции во таа категориjа се празни , заради елементарен недостаток на други претенденти. Во тоа , политичко танго , првиот чекор го прави партнерот на власт , а опозицискиот партнер го следи со ,многу гнев , . Но сепак , кога после наредните избори , се менува капетанот на лаѓата – тоj ништо не менува во врска со претходно извршеното дело ( наjчесто недело! ) на евергринестиот партнер. Па , така , ги проголтавме , ко кленови што љубат муренки ( дудинки ) , рамковниот , териториjалната поделба , двоjазичноста , а за ,, Договорот од Пеколот… упссс… од Преспа ,, и се во името на кооперативноста за малку светло на краjот од македонскиот тунел , коj сами го прокопаа , но не можат да го завршат заради  кромешниот мрак во сознанието и разумот. И уште повеќе , како кандидат за претседател на Републиката , промовираа госпоѓа коj jа рушеше ( со големо сладострастие и ќеиф ) единствената успешна влада во кратката досегашна историjа на РМ – водена од сопствената партиjа?! Покраj народното име -Кооперативна , се прикачи ,некако спонтано, и прекарот – Цензусна.Во процесот , при  одгатнување на социолошкиот и политички феномен БОJКОТ оваа партиjа остана посреде;со едната нога во народот -со другата во Брисел. Според физичките регламенти на Природата ; време е за гимнастичарската фигура ,, шпага ,, со широко откриена можност за вакумизациjа со влажните мермерни плочки на подот ( или гранитни , сеедно ).
… им налепи ,, Поперски,, етикети на ,, удбаши ,, ,, странски платеници ,, ,, соработници на З. З. ,, раководството на ДПМНЕ реши дека се ослободи од  ,, маргиналните националисти ,, и кога и да е ; повторно ќе биде владеачкиот партнер во македонското танго.
Родољубите , тие искрените , се како каменче во планинарските ,, шузони ,, на претседателот на ДПМНЕ. Колку повисоко ќе се качува , каменчето  се поупорно ќе му го расипува насладувањето од апогеjот на успехот.
      Да живеевме во друга реалност , каде што татковинската партиjа ВМРО е револуционерна , а демократите од СДС ( или ЛСД – како што тоj акроним звучи  на jазикот од нивнот коалиционен партнер)  пиjат скап ,, Кур во азие,, – ВС , и го ,, чашитвет ,, новиот имиџ на Кончита Вурст, во машкиот клуб на Водњанска , проф. Мицкоски ; ќе го повикаше народот Македонски и сите останати народности , верни ,  на Родината ,кои живеат на териториjата од Република Македониjа , да се соберат , братски , пред паметникот на Македонскиот ( зошто секоj успех треба да е благословен од успешниот !), и тогаш унисоно да побараме : – ИЗБОРИ !!! Избори за Уставотворно Собрание ! Избори за следата етапа во еволуциjата на современа Република Македониjа , заснована врз принцип на соработка , соборност и социjална рамноправност. Избори , после кои државните службеници , низ целиот рбет на државните институции ќе бидат вработени каj Македонската Нациjа и ќе сносат полна материjална и кривична одговорност , доколку се огрешат пред своjот работодавец. Избори , кои ќе стават   , дебела црна точка , над сите идни обиди за ,демакедонизирање на Македониjа , .
Преку, црната дупка, центропетирани и исфрлени низ ,точката на сингуларноста , се враќаме во оваа наша надреалност каде ; следниов период , танчерската двоjка , ќе продолжи со мини танцот ,, Нели ти реков , З.З. е лажго- Нема врска , Мицкоски греши ,,. А, на возот , во чив што последен вагон трчаме да ,, влетаме ,, локомотивата веќе му е окована во мраз од реката Амур.
   П. С. Зборот – избор(и) , во неговата основна форма; не стимулира  да се избориме со предизвиците кои ; понекогаш се резултат на наше предходно решение а друг пат , неприjатен сплет на околности предизвикани од трети лица или поjави. Станува збор за подвиг на духот изразен преку нашата воља.
  Во извитоперената и подмената смисла неговото значение е да; вршиш избор меѓу  истодобни , без вистинска квалитативна разлика во предложените вариjанти. Операциjа од когнитивен ( размислувачки ) карактер.
Поистоподобувањето на двете значениjа во еден збор создава конфузиjа и испраќа погрешна ннформациjа за неговата суштина.
Зоран Курљан

Related posts

Leave a Comment