Свет

Во Шпанија, децата излегоа на улиците за прв пат по шест недели

Во Шпанија, децата излегуваат на улица за прв пат по шест недели 1

Детсткиот џагор се врати на улиците на Шпанија за прв пат по шест недели откако владата на земјата ја укина строгата забрана за напуштање на домовите за своите најмлади граѓани.

За прв пат утрово, шпанската влада им дозволи на децата до 14 години да излезат по 44 дена целосна изолација.

Сега можат да шетаат со својот родител до еден час во круг од еден километар од нивниот дом.

„Ова е прекрасно! Не можам да верувам дека поминаа шест недели “, рече Сузан Сабате, мајка на тригодишни близнаци кои носеа маски на лицата.

„Моите момчиња се многу активни. Тие денес видно беа воодушевени кога им ги дадовме скутерите и се упативме кон влезната врата “.

Децата можат да понесат една играчка со нив, но не им е дозволено да играат со други деца и треба да се држат на еден метар подалеку од другите луѓе.

Парковите се затворени, а властите препорачуваат родителите и децата да ги мијат рацете пред и после излегувањето.

Шпанија е една од земјите со најстроги мерки во светот во борба против коронавирусот бидејќи е и меѓу најтешко погодените од епидемијата.

Регистрирани се скоро 225.000 заболени и повеќе од 23,000 смртни случаи од КОВИД-19, иако се смета дека вистинската бројка е многу поголема.

Строгите мерки помогнаа во намалувањето на дневната стапка на заразени, која беше повеќе од 20 проценти пред еден месец, додека оваа недела падна под 2 проценти, олеснувајќи го притисокот врз болниците кои еа на работ на колапс.

Владата планира од следната недела да им овозможи на возрасните да излезат за да можат да се рекреираат индивидуално.

Во моментов, движењето е дозволено само со цел купување на храна и лекови и поради одење на работа.

Related posts

Leave a Comment