Свет

ВРЕМЕ Е ВАШИНГТОН ДА ЈА ПРИЗНАЕ СВОЈАТА УЛОГА ВО ПУЧОТ ВО УКРАИНА: Полјански реагираше на изјавата на Џон Болтон

ВРЕМЕ ВАШИНГТОН ДА ЈА ПРИЗНАЕ СВОЈАТА УЛОГА ВО ПУЧОТ ВО УКРАИНА: Полјански реагираше на изјавата на Џон Болтон

Време е САД да ја признаат својата улога во државниот удар во Украина во 2014 година, изјави првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански.

Тој во објава на „Твитер“ ја коментираше изјавата на советникот за безбедност на Белата куќа Џон Болтон за неговото учество во организирање државни удари во странство.

Полјански истакна дека е „општо познато“ дека САД се обиделе да го соборат претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и дека сега се очекува тие да ја признаат нивната водечка улога во нелегалниот пуч во Украина.

Болтон вчера изјави дека тој е некој кој помогнал во организирање на државни удари во странство и дека тоа бара многу работа, потсетува ТАСС.

Во Украина се случи државен удар во 2014 година, кога од власт беше соборен прорускиот претседател Виктор Јанукович.

Related posts

Leave a Comment