Врховниот суд денеска донесе одлука да ја прифати жалбата на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, осомничен во истрагата на СЈП „Империја“, и да ја укине мерката куќен притвор, изречена со решение на Апелациониот суд на 28 февруари. Според начелното правно мислење на Врховниот суд од 30 јануари, СЈО не е овластен тужител во истраги, закони до 30 јуни 2017 не е покренато обвинение. Сепак и покрај оваа одлука, Мијалков ќе остане во куќен притвор, бидејќи оваа мерка вчера му ја одреди Апелациониот суд, за случајот „Титаник 2“, откако претходно ја укина мерката притвор.
previous post