Економија

Вториот крак на турскиот тек ќе помине низ Србија, но не и низ Грција и Македонија

 

Москва – “Вториот крак на турскиот курс ќе помине низ Србија, Бугарија и Унгарија, но не преку Грција”, рече рускиот министер за енергија, Александар Новак.

 

Рускиот министер го изјави ова како одговор на прашањето за трасата на вториот крак на гасоводот, на маргините на седницата на Руско-турската меѓувладина комисија.

Првиот крак на турскиот тек, како што се очекуваше, ќе биде пуштен во употреба на 1 јануари 2020 година.

Што се однесува до вториот крак од проектот, сè зависи од реализацијата на транспортната инфраструктура на европските држави.

Но, засега, проектот за проширување на транспортен систем на Бугарија за добивање на гас од турскиот тек – оди според планираното.

“Постои договор меѓу Гаспром и бугарското Министерство за енергетика, агендата е потпишана и реализацијата на проектот се спроведува во согласност со агендата”, одговори Новак на прашањето од  бугарските новинари,дали е загрижен од временските рокови за изградба на соодветна инфраструктура во Бугарија.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!