Политика

Вулин : Пендаровски може слободно да молчи на јазикот кој никој освен Србија не му го признава

Вулин: Разграничувањето го запира ширењето на „Велика Албанија“

Србија ќе одлучи како ќе ги реши проблемите на Косово и Метохија, а (претседателот на Северна Македонија) Пендаровски ниту некој ќе го праша ниту некој ќе бара негово мислење, кажа српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, објави државниот канал на Србија, РТС.

Министерот за одбрана на Србија, реагираше на  изјавата на претседателот, Стево Пендаровски,  во која тој изјави дека „се спротивставува на идејата за корекција на границите меѓу Белград и Приштина“.

Вулин оцени дека Пендаровски во Македонија ретко кој го прашува за било што, а уште помалку е важно што мисли за прашањата во соседните држави.

„Претседателот на Северна Македонија може слободно да молчи на јазикот на кој никој освен Србија не му го признава, а на останатите јазици може уште погласно да молчи затоа што никој ниту бара мислење од него ниту му го прифаќа мислењето“, рекол Вулин.

Loading...

Related posts

Leave a Comment