Регион

Вучиќ: Се плашам дека за месец-два ќе влеземе во голем светски конфликт

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш , им порача на светските лидери кои дојдоа на 77та сесија на Генералното собрание на ОН дека земјите се „заробени во огромна глобална дисфункција“ и не се подготвени да се соочат со водечките предизвици кои ја загрозуваат иднината на човештвото и судбината на планетата.

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека ситуацијата е уште полоша отколку што ја опиша првиот човек на ОН. „Мислам дека реалните прогнози може да бидат уште помрачни од она што го кажа Гутереш. За нас позицијата е уште потешка бидејќи ОН играат послаба улога во светот, големите сили презедоа сè на себе. Така што денес најголемиот собир е овде, над 150 шефови на држави, премиерот, што значи дека луѓето бараат надеж. Има безброј кризи во секој дел од светот, секако тешка слика за сите нас“, рече претседателот на Србија, пренесува Блиц .

Вучиќ тврди дека не е тешко да се погоди што ќе каже рускиот претседател Владимир Путин во својот говор.

„Претпоставувам дека од фазата на специјална операција се приближуваме до голем воен конфликт и прашање е каде се границите. Се плашам дека за месец или два ќе влеземе во голем светски конфликт, каков што не сме имале од Втората светска војна. Но наше е да обезбедиме безбедност на граѓаните. За нас малите нема убава и лесна вест и очекувам се што ќе видиме е дополнително усложнување на односите меѓу Западот , Русија и Кина“, додаде Вучиќ.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!