Регион

Вучиќ: Ќе ја осудам руската агресија врз Украина, кога Зеленски ќе ја осуди ја осуди агресијата врз Србија спроведена од САД, Велика Британија, Германија…

Александар Вучиќ денеска во Монако, коментирајќи ја изјавата на украинскиот амбасадор во Србија во заминување, во која тој побара појасна позиција на Србија за последните настани во Украина, изјави дека ќе ги прифати неговите барања откако ќе го повика својот претседател, Володимир Зеленски да ја осуди агресијата врз Србија спроведена од САД, Велика Британија, Германија и други западни земји.

Вучиќ рече дека Украина го поддржува интегритетот на Србија, како и Русија, а Србија го поддржува интегритетот на Украина, во која нема никакви промени.

„Меѓутоа, тој побара од нас јасно да ја осудиме руската агресија и така натаму. . Имам прост одговор на тоа. Ние сме мала земја и не сакаме да се лишиме од можноста да го продолжиме пријателството со некои. Ние не одлучуваме за судбината на Украина. Но, ако е така, го повикувам да му се јави на својот претседател Зеленски и да побара од него да ја осуди ужасната и трагична агресија извршена врз Сирија од страна на САД, Велика Британија и други земји“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека е сигурен оти Зеленски ќе го направи тоа:

„Штом тој го стори тоа, со задоволство ќе ја прифатам поканата на Александрович и ќе одговорам на неговите барања”.

Вучиќ рече дека ваквите изјави покажуваат дека секоја земја мисли дека има право од некого нешто да бара, без да го остави на мир.

Не ми е проблем да бидам на удар на сите, но ќе ја спасам Србија“, изјави Вучиќ.

На прашањето колку сега се мерат зборовите на малите земји, тој одговори „дека мислел дека сега е време да ни удираат шамари секој ден и да нè удираат по глава“ – за што смета не е прв пат.

Тој рече дека позициите на Србија се јасни.

„Се надеваме на мир, добри односи со сите. Премали сме за некому да се закануваме. И ние сме единствените кои многу принципиелно се придржуваме до меѓународното јавно право и тоа на сите им е јасно. Затоа има толкав страв за Косово и Метохија и за се останато“, рече Вучиќ.

Тој повтори дека и тие ќе реагираат штом Украина ќе ја осуди агресијата во која загинаа илјадници луѓе, многу од нашата земја, што ја извршија оние земји кои денес и помагаат на Украина.„Од таквата реакција нема ништо, бидејќи нивните интереси на Запад се сосема различни од нашите. Нашата политика е кон ЕУ, но без да ги расипуваме односите со Русија и Кина. Таа политика издржа и тешки искушенија, а убеден сум дека ќе издржат и оние кои се уште пред нас“, рече Вучиќ.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!