Свет

Вјачеслав Володин: Да водевме вистинска војна во Украина, оддамна ќе беше завршена

Trending news: Volodin suggested leaving posts to cultural figures who  spoke out against the "special operation" in Ukraine - The Moscow Times in  Russian - Hindustan News Hub

МОСКВА – Ако Русија водеше целосна војна во Украина, оддамна ќе беше завршена, а она што се случува таму е воена операција во која руски војници и офицери ги ослободуваат граѓаните жртвувајќи ги своите животи, изјави денеска претседателот на Државната дума Вјачеслав Володин.

Тој ја коментираше изјавата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, дека „оваа војна не може да се спореди со ниту една друга војна во 20 век“, пренесува Спутник.

„Ова е специјална воена операција. Ако Русија водеше војна од сите размери, сè ќе беше готово оддамна, ако ја применивме тактиката на војување вообичаена за Соединетите држави – да ги „скршиме“ градовите со крвави бомбардирања, оставајќи зад себе само изгорена земја, како што „ најдемократската воена авијација во светот“ го направи тоа во Југославија, Либија, Ирак, Сирија“, напиша Володин на својот канал наТелеграм.

Претседателот на Државната Дума нагласи дека руските војници прават се за да ги спасат животите на цивилите.

„Неонацистичките упоришта прецизно се уништуваат. Ова претставува ризик за животот. „Националистите се борат во градовите, во густо населените населби, каде што се покриваат со жив штит, земајќи жени и деца како заложници“, рече Володин.

Според него, во овие многу сложени услови се носат хумани одлуки, како на пример во врска со ситуацијата во „Азовстал“, каде се организираат хуманитарни коридори.

„Зеленски, сепак, не зборува за тоа. „Така може да постапува само претседател кој не е независен, кој управувањето со земјата му го доверил на Вашингтон и кој мисли само како да ја зачува својата моќ, а не животот на граѓаните на Украина“.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!