Свет

Гаспром во реклама и се закани на Европа: „Зимата ќе биде долга“ (ВИДЕО)

Руски „Гаспром“ објави видео на кое и се заканува на Европа со недостиг на гас оваа зима. Имено, на видео кое кружи на социјалните мрежи се гледа како работник го исклучува доводот на гас, а барометарот покажува дека притисокот паѓа на нула.

Во позадина на спотот е песна на познатиот руски поет Јуриј Визбор, а верзијата што се појавува во спотот ја пее неговата внука Варвара Визбор.

Видеото вклучува и снимки од Брисел, Берлин, Париз и Лондон под снег и мраз, како и знамињата на Европската унија.

 

Related posts

Leave a Comment