Свет

„Германија е непријателска земја“ Медведев обвинува дека против Русија се води хибридна војна

„Германија е непријателска земја“ Медведев обвинува дека против Русија се води хибридна војна

Со воведување санкции и испраќање оружје во Украина, Германија објави хибридна војна против Русија, објави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека Германија објавила хибридна војна против Русија, коментирајќи ја изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц дека Русија повеќе не е сигурен снабдувач со енергија, по затворањето на Северен тек 1. , пренесува Риа Новости.

„Еве ги! Повторно се навредени“, напиша Медведев на својот канал на „Телеграм“.

Медведев рече дека Германија, со воведувањето санкции и испраќањето оружје на Украина, објави хибридна војна против Русија, што, според него, значи дека Берлин работи како непријател на Русија.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!