Свет

Германија подготвува засолништа, сирени и кризни залихи

БЕРЛИН – Германија почна да работи на зајакнување на јавните засолништа, како и на изградба на кризни залихи во случај на војна, објави сојузната министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на извештајот на весникот „Велт ам Зонтаг“. Владата размислува за подобрување на системот на јавни засолништа и ќе ги зголеми трошоците за цивилна заштита, рече Фезер.

„Во Германија моментално има 599 јавни засолништа. Ќе видиме дали можеме да подобриме повеќе такви системи. Во секој случај нивното демонтирање е стопирано“, изјави Фезер. Таа објасни дека владата работи на нови концепти, подобрување на подземните паркинзи, станиците на подземната железница и подрумите, за да станат потенцијални засолништа и наведе дека на сојузните држави им дала 88 милиони евра за поставување сирени.

Министерката најави дека земјата ќе работи и на изградба на кризни залихи кои вклучуваат медицинска опрема, заштитна облека, маски или лекови. Германскиот канцелар Олаф Шолц претходно вети дека ќе ги зголеми средствата за одбрана и ќе одвои 100 милијарди евра за армијата.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!