Свет

Германија: Се сруши дел од телевизиска кула, тројца загинати

 

Три лица загинаа кога платформата за одржување прикачена на телевизиската кула се сруши во централната германска провинција Хесен.

Причината за падот на платформата од висина од 50 метри сè уште не е утврдена, соопшти локалната полиција.

Јавниот ТВ сервис, АРД, кој е сопственик на кулата, изјави дека трета страна е одговорна за одржување на кулата.

Related posts

Leave a Comment