Европа

Германското МНР ги објави контактите на Берлин со Лондон за случајот Асанж

Германското МНР ги објави контактите на Берлин со Лондон за случајот Асанж

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок останува во контакт со британската колешка Лиз Трус за случајот со основачот на Викиликс Џулијан Асанж.

„Германската министерка за надворешни работи Бербок сè уште внимателно го следи овој случај и останува во контакт со својата британска колешка за ова прашање“, рече Андреа Сасе, портпаролка на германското Министерство за надворешни работи, на брифинг во Берлин.

Според Сасе, министерката за европски прашања во германското МНР, Ана Лурман, во понеделник на 20 јуни во Берлин ќе има средба со „роднините на Асанж“.

Претходно беше објавено дека ОН го следат развојот на ситуацијата со екстрадицијата во САД на основачот на Викиликс.

На 17 јуни, британската министерка за внатрешни работи Прити Пател одлучи да го екстрадира Асанж во САД

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!