Регион

Германско Разузнавање : Турција стои позади бранот бегалци на грчката граница

Greece renews calls for assistance from EU partners - InfoMigrants

Турската држава е вклучена во неодамнешните инциденти на турско-грчката граница, пренесува германски „Шпигел“.

Неделникот, повикувајќи се на информации од германското разузнавање БНД, пишува дека пред еден месец турските власти ги сместиле бегалците во автобуси и ги довее до грчката граница.

Помеѓу илјадниците мигранти имало и турски војници кои поттикнувале инциденти на местото на настанот, на границата со Грција, се вели во извештајот на БНД.Претставници на турскиот безбедносен апарат негираа каква било вмешаност.

Грчката влада претходно покрена сомневања дека турски државјани биле во толпата луѓе за време на граничните инциденти.

Грците се повикаа на изјавите на безбедносните сили на лице место, кои известија дека турските сили сами фрлале камења и се обиделе да ја пресечат граничната ограда.

Loading...

Related posts

Leave a Comment