Свет

Герхард Шредер на удар од сопартијците поради Русија

ГЕРМАНСКИТЕ социјалдемократи го повикаа Герхард Шредер да ја напушти партијата, откако поранешниот канцелар го бранеше рускиот претседател Владимир Путин и одби да ги прекине врските со руските државни компании.

Од него беше побарано да поднесе оставка со цел „да ја зачува својата репутација на некогаш успешен канцелар“, рече копретседателката на СПД Саскија Есен во интервју за радиото Дојче фанк. 

– За жал, тој не го послуша овој совет – рече Есенова и затоа е започнат процесот за исклучување на Шредер од партијата.

Овој развој на настаните доаѓа откако Шредер изјави за Њујорк Тајмс дека ќе поднесе оставка од позициите што ги има во руските компании само доколку Путин го прекине снабдувањето со гас во Европа.

Пријателството на Шредер со Путин стана проблем за канцеларот Олаф Шолц, бидејќи Германија е под силен притисок да направи повеќе за поддршка на Украина, вклучително и снабдување со тенкови и друго тешко оружје.

Related posts

Leave a Comment