Свет

Главната задача е заштита од воената закана на Западот, километарска колона на руската армија оди кон Киев

МОСКВА – Руската армија ќе ја продолжи воената операција во Украина додека не се постигнат нејзините цели. Главната задача, според рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, е да ја заштити Русија од надворешната воена закана од Западот.

Рускиот министер изјави дека операцијата е спроведена со цел да се заштити населението на Донбас, демилитаризација и денацификација на Украина, пренесува Танјуг.

„Главната работа за нас е да ја заштитиме Руската Федерација од воената закана што ја претставуваат западните земји кои се обидуваат да го искористат украинскиот народ во борбата против нашата земја“, рече Шојгу додека 65-километарскиот конвој на руската армија се упати кон Киев.

Тој нагласи дека руската армија нема да ја окупира украинската територија и дека ќе ги преземе сите мерки за да ги зачува животите и безбедноста на цивилите. Тој повтори дека само воени цели биле изложени на напади и тоа само со високопрецизно оружје.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!