Свет

Главниот кинески епидемиолог потврди : Властите во Вухан во првите денови го криеа вистинскиот размер на епидемијата!

OBSH: COVID-19 është zoonotik, tregu në Vuhan ka rol në ...

Властите на Вухан се обидоа да го сокријат вистинскиот размер на епидемијата на коронавирус, рече Жонг Наншан, водечки советник на кинеската влада за борба против коронавирусот, во интервју за Си-Ен-Ен.

„Во првите моменти, локалните власти не сакаа да ја кажат вистината. На самиот почеток, тие молчеа и јас би рекол дека, можеби, вистинскиот број на заболени лица беше повисок од декларираниот “.

Тој истакна дека се посомневал во однесувањето на властите на Вухан кога бројот на откриени инфекции  останал на исто ниво десет дена, иако инфекцијата веќе започна да се шири надвор од земјата.

Тој изјави дека дошол во Вухан на 18 јануари и дека многу лекари во тоа време  го предупредувале дека ситуацијата е многу полоша од онаа претставена од локалните власти.

„Не верував во објавените резултати, па продолжив да барам да ми ги дадат вистинските бројки. Многу се колебаа да одговорат на моето барање “, рече Жонг Наншан.

Вухан стана епицентар на пандемијата на коронавирус која се прошири безмалку во целиот свет.

Loading...

Related posts

Leave a Comment