Свет

Глобалистичка мизерија и бизарност: Полските погребални претпријатија повикуваат, Вакцинирајте се што побргу, ние и онака имаме доволно работа

Танјуг / Фотографија на АП / Ахмад Ибрахим

Варшава отиде најдалеку во креирањето колективно лудило околу притисокот за прифаќање на експериментални ковид вакцини – Полските погребални компании ги повикаа Полјаците да се вакцинираат и со тоа се вклучија во бизарната кампања за вакцинирање против коронавирусот што е можно поскоро.

“Вакцинирајте се што е можно поскоро. Ние и онака имаме доволно работа”, им порачаа погребните компании денеска на Полјаците.

Во апелот до граѓаните, Полското здружение на погребални услуги потсетува дека летото минатата година, властите прогласиле дека пандемијата веќе ја нема, а бруталната реалност пристигнала есента и зимата, па бројот на заразени и мртви од ковид наводно двојно се зголемил.

“Според статистичките податоци, околу еден процент од населението се раѓа и умира во Полска секоја година, што значи 1.041 смртни случаи на ден. Од октомври 2020 година, кога пандемијата започна да се интензивира, до крајот на мај 2021 година, починале 128.629 жители на Полска, што во просек дава 1.577 смртни случаи на ден, односно зголемување од над 50 проценти“, изјави во апелот претседателот на Полското здружение на погребни услови, Кшиштоф Волички.

Во агресивниот и неразумен апел што го пренесе полскиот весник Газета Виборча, погребалните компании предупредуваат дека само неодговорните луѓе веруваат дека на пандемијата Ковид 19 и истекува крајот и ги прашуваат Полјаците зошто не сакаат да се вакцинираат и зошто не мислат на нивните семејства и луѓе кои ги сакаат.

Во Полска, од 38 милиони жители, 16,443 милиони луѓе ја завршија вакцинацијата до средата.

Владата на глобалистичкиот премиерот Матеуш Моравиецки кој одлично ја игра улогата доделена од своите ментори од темните елити, со цел да ги убеди ,,неодлучните”  Полјаци или оние кои одбиваат вакцинација, воведе лотарија, а од почетокот на овој месец до крајот на септември, Полјаците можат да си ја испробаат среќата и да освојат некои од помалите награди , како што се околу 120 евра или електричен скутер, како што се над 200.000 евра или автомобили.

Возрасните Полјаци кои ја завршиле вакцинацијата, кога ќе се пријават на Лотарија на националната програма за вакцинација, имаат четири шанси да освојат, бидејќи тие се извлекуваат дневно, неделно и месечно со главната награда на крајот од лотаријата.

Related posts

Leave a Comment