Свет

Голем протест во Брисел – „Замрзнете ги цените, а не луѓето“ (ВИДЕО)

Илјадници луѓе се собраа вчера во Брисел по повод „националниот ден на акција“ и протестираа против високите цени на струјата, гасот и храната во Белгија.

Синдикатите и полицијата соопштија дека учествувале околу 10.000 луѓе, а во прекин е сообраќајот и јавниот превоз.

Граѓаните дојдоа од целата земја и маршираа со транспаренти „Животот е прескап, сакаме решенија сега“ и „Сè расте освен нашите плати“. На еден транспарент пишуваше: „Замрзнете ги цените, а не луѓето“.

Според истражувањето спроведено од една белгиска медиумска компанија, 64 отсто од граѓаните се загрижени дека нема да можат да ги платат сметките за струја и гас, кои во изминатата година се зголемени за повеќе од двојно.

 

Осумдесет проценти од учесниците рекоа дека веќе се обидуваат да ја намалат потрошувачката на струја и вода.

– Кога одиме да пазаруваме, се што е во корпата чини 20, 30 евра повеќе и се зависи од тоа во која продавница одите. Доаѓаме до точка која нема да можат да ја издржат нашите паричници – изјави Паскал Краесо, демонстрант од Брисел.

Премиерот Александар де Кроа минатиот месец предупреди дека „следните пет до десет зими ќе бидат тешки“ поради високите цени на струјата и гасот поради конфликтот во Украина.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!