МакедонијаФБ Статуси

Горазд Росклија : Македонија ја (пре)даваат луѓе кои во Македонија не вградиле никаква вредност, ниту тие ниту нивните семејства.

 

МОЖЕН ОДГОВОР НА ПОСТАВЕНО ПРАШАЊЕ

Прашање:
Зошто верувате дека ако ја дадете Македонија и сè што е македонско ќе ви биде подобро…!?

Можен одговор:
Македонија ја (пре)даваат луѓе кои во Македонија не вградиле никаква вредност, ниту тие ниту нивните семејства. Луѓе кои земјата ја доживуваат како нивни должник, па едните (власт, новинари, НГО-а, политичка, интелектуална и академска елита) ја уновчуваат, а другите ја доживуваат како должник кој не си го исполнил долгот да им обезбеди живот каков што тие замислиле дека им следува.

Со тоа што живеат во Македонија, самите себе се доживуваат како жртви, а не како креатори на животот што го имаат.

Ова е опис кој не е применлив врз секого но е применлив врз многумина. Тие многумина, кон дијаспората имаат ист однос како кон државата, однос на должник кој ним им должи.

Превидуваат дека без парите на дијаспопртата земјата е банкротирана и нивните животи би биле уште помизерни.

Превидуваат дека дијаспората на младите генерации им ги отвора вратите на светот, превидуваат дека дијаспората денес е пообразувана од образуваниот Македонец, превидуваат дека дијаспората ја чинат млади луѓе кои се клучни во виталните сегменти на западните општества.

И наместо тој потенцијал да биде искористен за доброто на Македонија, односот кон дијаспората е како кон натрапници кои делат памет, памет која локалните Македонци ја имаат на претек, а во секоја анализа на македонската памет, ние сме на последно место.

Локалните Македонци дијаспората ја доживуваат како онаа опишана во народните кажувања и мелос, од времето на ,,параходот пристигна“ и не успеваат да видат дека не дијаспората туку тие се со ум заробен во глупави шаблони наметнувани со години заради политички цели.

Ја продаваат Македонија за да бидат прислужници во светот на кој му се восхитуваат, а ги плукаат своите деца кои во тој свет го достигнале врвот.

Големи и мали нации (Шпанци, Французи, Германци, Ирци, Италијани, Израелци….) се гордеат со своите луѓе во светот, Македонија ги плука и ги одбива од себе.

Фб Статус на Професор Горазд Росоклија

Related posts

Leave a Comment