Колумни

ГОРАН КЛИНЧАРСКИ : МИСЛЕВ ДЕКА РЕВОЛУЦИЈАТА ЌЕ ЗАПОЧНЕ ОД РУСИЈА НО СЕ СЛУЧИ ЧУДО,ТАА ТРГНА ОД АМЕРИКА, А ЈА ЗАПОЧНА ЛИЧНОСТ ОД КОЈА ТОА НАЈМАЛКУ СЕ ОЧЕКУВАШЕ

Donald Trump and John F. Kennedy are more similar than you think ...

Отсекогаш мислев дека револуцијата ќе почне од Русија. Претпоставувам таква ми беше матрицата. Погледнете го големото чудо – Револуцијата почнува од Америка. Ја заапочна личност од која тоа најмалку се очекуваше.

Темпераментен старец со свои 70 + години, кој работи колку што овие нашиве не можат ни да спијат. Војната која ја поведе е без пардон и на сите нивоа. Вистинско чудо е, како се уште дише и оди.
Вирусот, полека исчезнува како што и дојде од никаде, така и исчезнува. Како и да не бил тука. Дојде тивко и влезе во историјата. Знаете веќе кој, научни работници, академици… лажна историја.
Народи, луѓе на Балканот. Се пострада многу.Ова чудовиште, го извади на светлото на денот најлошото од нас. Неизвесноста и стравот, изнедрија  чемер, смрт и тага. Луѓето умираат, тоа е природен процес. Но имаше многу смртни случаи кои не требаше да се случат. Беше тивка евтаназија. Премолчана. Болните и немоќните умираа. Многу луѓе умреа поради алгоритамот и не – грижата. Ги убија протоколите. Сите молчевме. За општо добро. Мртви пред време.
Бевме обземени од стравот. Опседнати. Умртвени од него.Тоа не ја оправдува нашата вина.

Поради незнаење и страв, бевме покорни и понизни. Лесно се предадовме на манипулациите и контролата. Виновни сме!

” Ние само си ја вршиме работата…” ОК, така е. Сите ние само си ја вршиме работата. Сепак, има и такви кои “само извршуваат наредби”
Нема робовски систем без робови Па, кој го држи, одржува, го чува, кој го храни, ако знаеме кој му служи?!?
Одсекогаш имало барем две страни. Исто како во војна. Лева, десна, бела, црна. Им ги дававме нашите гласови, нашиот суверенитет, нашето право да владеат место нас. Затоа што ние сме глупави, а тие се паметни. Им дадовме сила и моќ и нашите пари, труд и пот.Им дадовме се што е наше, а тие не претворија во робови. Ние молчиме. Кога доаѓаат избори, ние казнуваме. Им даваме овластување на оние другите, кои ги казнивме пред само неколку години. И така во круг. Бескраен круг, ужас без крај.

Тие одбираат слуги од нас и им даваат некакви вратоврски, значки, костуми, како би ги извршувале наредбите. Наши, од нас, да бидат над нас. И, да ги штитат оние кои ги избравме. Овие одеднаш повеќе не се наши. Овие се нивни и само си ја вршат работата – извршуваат наредби.
Овие кои ги извршуваат наредбите се нашите татковци, наши деца, мажи, жени, мајки, пријатели, роднини, другари. Тие се дел од нас. Или можеби и не се? Нивната работа не е да прават проценка на наредбите. Дали се исправни или можеби погрешни. Наредба, значи извршување. Едноставно работиш и ја извршуваш наредбата. Мислам на задачата и наредбата.
Преиспитување на задачите и наредбите не е во доменот на извршителот.

Не размислува дали е во ред, правилно, дали повредува некого, дали е законски и морално. ” Да шефе… да директоре… до премиере… да претседателе… да да да.
Извршувачот на задачите и наредбите нема потреба да размислува, обземен од лажно чувство за моќ. Тоа чувство на моќ, се рефлектира во нашите постапки манифестирано како страв. Извршителот го гледа, го чувствува нашиот страв, ја блокира свеста и разумот и нема повеќе слободна волја и проценка за тоа што е добро, што е лошо. Така извршителот, станува совршено оружје во рацете на безрбетниците на кои им служи.
Училишниот систем е полн со иззвршители кои само слушаат наредби и си ја вршат својата работа. Војската, Судството, Парламентот, Владата… Сите тие само си ја работат својата работа.
И додека на секоја врата ни говорат: капитализам, социјализам или што знам што се не, ние всушност живееме во феудализам. Во феудално ропство.
Ете зошто на сите нас рацете ни се крвави. Тоа сознание боли. И не ни се допаѓа. Затоа што сме робови, поданици, затоа што сме извршители.
Стани човечки роде. Престани да бидеш извршител. Тоа е лесно. Само стани и кажи не!! Не бирај ги оние кои веќе си ги бирал. Секоја народ има своја срж, свои деца кои по нешто се најдобри. Затоа ги избркаа по белиот свет. Чесни и искрени. Тука владеат со негативна селекција. Срам да ни е! Луѓе вратете ги вашите деца дома. Да му служат на својот народ.
Постои само една позиција. Постои само една опозиција. Се вика народ. Суверен!
Не ни е добро. Тоа значи дека сеуште не е готово.

Горан Клинчарски

Фотографија на Goran Klincarski.

Related posts

Leave a Comment