Колумни

ГОРДАНА ГОЏО : ДЕЦАТА И НОВОТО НОРМАЛНО

Како ќе изгледа враќањето на училиште?

Почетокот на оваа училишна година ќе биде поинаков од другите и сите се прашуваме како ќе изгледа враќањето во училишните клупи со новите мерки.

Сега ќе ви покажеме..
Веќе не можеме слободно да се движиме и трчкаме по дворот, туку ќе бидеме роботи и ќе стоиме на точно определени места.

Кога ќе пристигнеме, наставничката која не е доктор ќе ни измери температура со пиштол директно на пиналната жлезда со инфрацрвена технологија.

Пред да влеземе, ќе се дезинфицираме со производ за кој не знаеме дали е безбеден и што содржи, наместо со алкохол.

Секогаш се поздравуваме оддалеку, блискост и гушкање веќе не смееме да практикуваме и по ходникот се движиме како роботи.

На училиште секогаш треба да носиме маска кога сме внатре, во ходник, на час, кога одиме во тоалет. Потребно е да ни се намали кислородот и да го дишеме назад јаглерод диоксидот кој природно треба да го исфрлиме надвор. Маската која ми ја соши баба ми од старата кошула, ја испитаа и докажаа дека штити од КОВИД-19.

Научивме и дека не треба да го допираме лицето бидејќи во рацете, можеби се кријат вируси и бактерии, оние од кои всушност и го добиваме имунитетот.

Рацете ги миеме често, со сапун и со вода, најмалку 20 секунди.
Маските ги вадиме само кога јадеме бидејќи тогаш вирусот е на пауза (можеби и тој јаде?)

Можеме да ја извадиме маската и кога ќе излеземе во дворот, ама ако држиме растојание од 1.5 метар. И првачињата веќе знаат што е тоа метар и колку е 1.5м.

И треба почесто да отвораме прозорец за да влезе воздух, дури и ако надвор пече и боли од загаденост.

Ако не се чувствувам добро, морам да ѝ кажам на наставничката или на мама и тато. Тие се големи и знаат што треба да направат. (Наставничката ќе измери температура бидејќи во меѓувреме заврши брз курс за симптоми за КОВИД и ќе ме затвори во училница како да имам тифус, под изговор да ги заштитам моите другарчиња).

И секогаш држиме дистанца, дружењето и допирањето веќе треба да го заборавиме, тоа е за луѓе, не за нас. Така се заштитуваме самите себе, но и сите што ни се важни, мама и тато, баба и дедо, другарчињата и наставничката. Не е важно што мама, тато, баба и дедо најмногу од сѐ сакаат да нѐ прегрнат.

Да ги почитуваме мерките и да покажеме дека иако сме мали знаеме како да се соочиме и со големите предизвици и да престанеме да бидеме дечиња.

Гордана Гоџо

Loading...

Related posts

Leave a Comment