ЗдравјеКолумни

ГОРДАНА ГОЏО : ФИЛИПЧЕ САКА ДА ВАКЦИНИРА СО ВАКЦИНА КОЈА ГО ОСЛАБУВА ИМУНОЛОШКИОТ СИСТЕМ (НАУЧНО ДОКАЖАНО)

Филипче призна дека не ја вакцинирал внуката со МРП вакцина (ВИДЕО ...

ФИЛИПЧЕ САКА ДА ВАКЦИНИРА СО ВАКЦИНА КОЈА ГО ОСЛАБУВА ИМУНОЛОШКИОТ СИСТЕМ (НАУЧНО ДОКАЖАНО)

– Луѓето кои ја примиле вакцината за грип ќе бидат први кои би починале во евентуална глобална пандемија затоа што се подложни на инфекции –

Во услови на т.н. пандемија на КОВИД-19, поголемиот дел од светот живее во страв, освен оние кои разбираат дека сиот овој театар е една голема измама која во аналите на историјата ќе биде запишана како ПОЛИТИЧКА ИЗМАМА.

Популацијата која живее во страв, нетрпеливо очекува вакцина за т.н. КОВИД-19. Не ги интересира што по протокол би требало да поминат минимум седум години за да производителот и агенциите кои ја одобруваат бидат сигурни дека е навистина безбедна. Не, не е важно ниту тоа што една од технологиите со која се експериментира на неа, воопшто не е ниту лиценцирана до сега. (За новата вакцина можете да прочитате повеќе на следниов линк: https://www.odnaszanas.com/?p=3128).

А еве ја изјавата и на д-р Фаучи кој сведочеше пред Сенатот во САД. Тој изјави дека нема гаранција дека новата вакцина ќе биде ефективна! (https://www.cnbc.com/2020/05/12/fauci-tells-congress-no-guarantee-the-coronavirus-vaccine-will-be-effective.html?&qsearchterm=fauci%20tells%20congres

Но не, исплашениот народ чека вакцина!

Во една од своите изјави, на седми мај оваа година, Филипче изјави дека ДОДЕКА биде пронајдена  вакцина за КОВИД-19 (Или за корона?), се размислува за широк опфат на вакцинација против сезонски грип со која ЕВЕНТУАЛНО би се „заштитиле“ и од коронавирусот (или КОВИД-19?)

https://360stepeni.mk/se-razmisluva-za-poshiroka-vaktsinatsija-protiv-sezonski-grip-zaradi-vkrsten-imunitet-nema-konsenzus-za-imunoloshki-pasosh/?fbclid=IwAR38hJ4JsNa8kA9lCHYKiYzOIUGE1le429ytC5gDNQXuaHQVfZc19_p47cM 

Да погледнеме што вели една од студиите за вакцините против сезонски грип:

Извадок од статијата која се наоѓа на овој линк: https://www.naturalnews.com/2017-10-17-bombshell-flu-shots-scientifically-proven-to-weaken-immune-response-in-subsequent-years-researchers-stunned.html 

„Медицинска стдија изработена од страна на Државниот Центар за Медицина во Охајо упатува на тоа дека жените кои биле вакцинирани со вакцина за грип, како одговор имале намален имунолошки систем во неколку последователни години.

Лиза Кристијан, доктор на науки, главен истражувач во студијата го донесе следниот заклучок: Сѐ поголем број докази покажуваат дека оние кои биле вакцинирани со вакцина за грип во претходната година, имаат понизок број на антитела во тековната година.

Студијата повторно докажува дека официјалната наратива на индустријата која ја произведува вакцината за грип и нивните соучесници медиуми-управувани-од корпорации, е неточна и измамничка. Далеку од тоа дека овие вакцини нудат вистинска, заштита, напротив, тие фактички ги прават луѓето ранливи, подложни на инфекции на грип што, се разбира, придонесува повеќе луѓе да добијат грип и потоа погрешно се мисли дека е потребно повеќе вакцинирање заради „поголема заштита“.

Сепак, самите вакцини за грип се оние кои водат кон зголемување на инфекциите од грип. Вакцината за грип, со други зборови, го овековечува митот дека вакцините за грип се потребни со самото тоа што побрзо го шират грипот, отколку што тоа би било без нивно аплицирање. Како резултат на тоа, вакцината за грип ја шири самата инфекција која што генерира поголема побарувачка за неа. Структурата е „совршена“ вечна медицинска измама која има корени во лажната наука и немилосрдните медиуми. 

Од видеото „Моите вести“ подолу, исто така ќе научите дека: 

  • Луѓето кои во 2008 година примиле вакцина за грип, искусиле 250% зголемување на грипозни инфекции во следните години;
  • Студија објавена во „Човечка & Еколошка Токсикологија“ пронајде дека вакцините за грип во кои има жива предизвикале  4,250% зголемување на смртноста на фетусите за време на сезоната на грип во 2009 година;
  • Вакцината за грип пропагирана од индустријата за вакцини е медицинска измама која лесно се демантира од докази базирани на факти. 
  • Луѓето кои ја примиле вакцината за грип ќе бидат први кои би починале во евентуална глобална пандемија затоа што се подложни на инфекции.“ 

После сето погоре кажано, го прашуваме министерот:

  • Колку од заболените пациенти биле вакцинирани со вакцина за сезонски грип?
  • Колку од заболените пациенти биле вакцинирани воопшто? И со кои вакцини?
  • Дали се впишуваат сите починати кои починале СО КОВИД-19 и ОД КОВИД-19 како починати ОД КОВИД-19?
  • Колкава е смртноста општо на популацијата во последните пет години за периодот јануари – април по видови на морбидитет?

Фактот дека најмногу заболуваат и умираат постари лица во комбинација со фактите од студијата ни дава за право да сметаме дека   добар дел од починатите биле вакцинирани од сезонски грип.

А СЕГА ТОЈ САКА ДА НЀ ВАКЦИНИРА СО ВАКЦИНА КОЈА ПРЕДИЗВИКУВА ИНФЕКЦИИ И СМРТНОСТ ПРИ ЕПИДЕМИИ?

ДАЛИ ВИЕ МИНИСТРЕ ВООПШТО СЕ ГРИЖИТЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА СВОЈОТ НАРОД?

Гордана Гоџо

Related posts

Leave a Comment