Колумни

ГОЦЕ ЈАНЕВСКИ : ВИРУСОТ МОЖЕБИ ПОЗНАВА ГРАНИЦИ, НО ПРОСТОТИЈАТА И ПАРАЗИТСТВОТО, СЕКАКО НЕ !

Размислувања – големи мисли од малиот мозок.Вирусот можеби и познава граници ,но простотијата и паразитството ,секако не !

Според онаа – Погледни глобално согледај локално. Или дали е можно една Цеца да направи Цунами во малото стопанство и секторот услуги кај нас ?

Таа не верувам и дека знае што е тоа “кочански пиринач” ,а не ли пак да е чула за Кочани ..
Таа не, ама неа тука секако дека ја имат чуено.
И слушано.И обожавано.И ја следеа и се угледуваа во неа .Веројатноста дека уште е тоа така е голема.
Може ли Цеца со изјавите за нејниот фризер да направи ршум во Србија ?
А кај нас ?
Нема шанси !!
Изгледа само Вухан го може тоа да направи Потоп и катаклизма со нашето стопанство .Оној Вухан што ниту во Пекинг ниту никаде во цела Кина да стапне ,ама ете и нашето стопанство страда од него.
Моќна ли е и Цеца ?
Дали таа е посилна од сите вируси на Свет ??

Дали знаете дека идеален брак е оној меѓу пеачките и фудбалерите ? Дали знаете зошто ? Затоа што нивното IQ им е исто и е на рамниште на собна температура.

Ќе се спечали додека си атрактивен, а потоа паразитски цел живот . Боже драги! Уште кога ќе се и пример и идол кој треба да го следат милиони…
Што се случува кога еден од нив толку многу познат и препознатлив, ќе изјави дека заболел од вирус ? И тоа вирус наводно здобиен од личен фризер кој самиот изјавил дека веќе го имал и отпосле советувал сите што биле во личен контакт со него да си го чуваат здравјето.
Какво шарлатанство. Потоа …проверка и кревање на рејтингот на популарноста се до изјавите дека си INN и си се примил на вирусот. И пак интервјуа и пак телефони и ТВ куќи кои ги креваат нозете… „упс“, тие одамна се над облаците, туку се дигат акциите со кои тргува на берзите на жолтата штампа и се продават како што тоа го прави последниот тезгаџија, а кои, види чудо, се откупуваат и препродаваат и еве продолжение на линијата на лагоден живот. Оти, нели, не е важно што повеќе не се создаваат хитови во стилот : – У тебе сам заљубена од главе до пете, Пољуби ме,пољуби ме – Направи ми дете…
Сега се вадат афери веројатно испланирани заради популарност и слава, нели… Ма јок ! Заради пари од никаде што паѓаат .
Исусе драги ! Тоа и не е толку важно колку што домино ефектот доведува до затворање на малите бизниси во фризерските и козметичките салони. Оти нели, ејјј Цеца, еееј бербер, ејјј фризер .. Некако позната приказна за нас . Па не до толку .. Кој рече вирусот познавал државни граници? Вирусот можеби да, но простотијата и паразитството секако дека не. Додека ги има едните како следбеници на Цеца ќе ги има и другите. Зошто ? Затоа што првите им плаќат на вторите.
Само Цеца да е здрава и да се јавува почесто . А, трудољубивите и вредни раце на оние задолжени за убавината на луѓето и нивните бизниси ?? Па нив ги чува Бог .. Тие живуркаат над стотина дена во услови на паника кога здравството се брани со часови и тоа вонредни и полицијски .. Ќе живуркаат се додека Цеца да каже – И од тебе сам сита Короно, А стварно си ме позлатила .. Ако воопшто и каже … А секако ќе каже кога тезгата ќе и го сугерира тоа како идеално решение.

Гоце Јаневски

Фотографија на Goce Janevski.

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment