Руската армија вечерва со крстосувачки ракети го нападна поширокото подрачје на градот Киев. Според првите информации, цел на нападите со крстосувачки ракети „Искандер К“ и „Калибар“ бил институтот „Артјом“, кој се занимава со производство на наведувачки ракети и авионска опрема.
Кон оваа воена фабрика биле лансирани три крстосувачки ракети кои ги погодиле целите.
Од фабриката излегува густ црн чад. Засега нема информации за загинати и повредени.
Инаку, ова е речиси еден месец по повлекувањето на руската армија, главниот град на Украина повторно да е мета на руски крстосувачки ракети.
Исто така, фабриката Артјом последен пат беше цел на напад пред повеќе од еден месец. И тогаш нападот беше извршен со крстосувачки ракети калибар или Искандер К.
Оваа украинска фабрика е позната по ракетната програма за воздухопловните сили и армијата.