Албанскиот е јазик на иднината, изјави пратеникот од ДУИ Артан Груби, на седницата на собраниската Комисија за евроинтеграции на која се дискутираше за евроинтегративните процеси во Република Македонија по Самитот на Европскиот совет овој месец, на кој Македонија не доби датум за преговори.
Оваа провокација на Груби следуваше откако пратениците од опозицијата реагираа дека немаат слушалки за превод, кои се неопходни, бидејќи комисијата се води на албански јазик согласно собранискиот Деловник.
Груби побара од собраниските служби да обезбедат слушалки за сите пратеници.