Регион

(ВИДЕО)Вучиќ го испровоцира Тачи : ’Хашиме, Федерика највише стобом воли да се љуби’

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја искористи можноста да го испровоцира косовскиот претседател Хашим Тачи на прошталната вечера за лидерите од Западен Балкан на шефот за надворешна политика на Европската унија, Федерика Могерини .

Имено, покрај Вучиќ и Тачи, на вечерата присуствуваа и црногорскиот претседател Мило Џукановиќ, македонскиот премиер Зоран Заев и сите тројца членови на претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, Милорад Додик и Шефик Џаферовиќ.

 

Додека ги поздрави високите функционери, министерката за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини , во знак на поздрав го бакна косовскиот претседател Хашим Тачи.  – Хашиме, Федерика најмногу сака со тебе да се бакнува – дофрли Александар Вучиќ, но Тачи го игнорираше. – Тачи се преправа дека не го разбира српскиот јазик, а зборува српски како … – повторно коментираше Вучиќ.  На видеото се гледа Могерини како го поздравува Вучиќ, но со лесен допир на неговата надлактица. Снимка од интересната средба беше објавена на Јутјуб од црногорскиот претседател Миле Џукановиќ.

 

 

 

 

Related posts

Leave a Comment