Свет

Грузија гневна на Украина поради назначувањето на Сакашвили за советник на Зеленски

vladimer-zelenski-mikheil-saakashvili-photokolazhi_w_h - INFO ...

Грузија „го врати својот амбасадор во Киев на консултации“ гневна затоа што нејзиниот поранешен претседател Михаил Сакашвили стана советник на претседателот на Украина.

Саакашвили живее во егзил во Украина и има државјанство на таа земја.

Вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски го назначи Сакашвили за шеф на Извршниот одбор на Националниот совет за реформи.

Иако потврди дека тоа ја разгневило Грузија, нејзиниот министер за надворешни работи Давид Залкалијани денеска изјави „ние не размислуваме за прекинување на дипломатските односи, ниту за ревизија на нашето стратешко партнерство“.

Министерот потсети дека е распишана потерница за Сакашвили затоа што тој беше осуден од грузискиот суд во 2018 година за злоупотреба на службената положба во 2004-2013 година. кога тој беше шеф на државата.

Украинскиот претседател Зеленски денеска изјави  дека неговата земја нема да возврати на овој потег на Грузија.

Loading...

Related posts

Leave a Comment