Колумни Македонија

Грците не само што ја украле историјата, туку и го узурпирале правото на елинизација кое му припаѓа на секој оној кој се движи по патот на диванизација или обожовување.

При објаснувањето на настаните во прадамнешните времиња треба да се води сметка за образованието и воспитувањето на древните народи одбрани да ја водат генезата на човештвото.

Генетски постарите народи се оние кои го зачувале сеќавањето за божествената суштина и потеклото на човекот. На генетски постарите народи езотеријата им била блиска и реална и таа ги поврзувала со божествената природа. Овие предци не само што го зачувале знаењето туку и се држеле до природните закономерности преку основниот, лингвистички кодиран јазик и посебниот однос кон светоста на потеклото.

Древните народи го восприемале Универзумот како целина и се однесувале кон него со длабока почит. Сонцето, месечината, планетите и ѕвездите се примале за блиски и влијателни врз целокупното живеење. Астролозите не биле мистификатори туку вистински познавачи на цикличните циклуси на небото и земјата. Се славело сонцето како раѓање и нов почеток. Се славела и месечината од која се продолжувало раѓањето. Се следело движењето на планетите и точно се знаело за нивните циклуси. Продолжување на традициите и зачувување на знаењето се одвивало преку ритуали, тајни ритуали наречени Мистерии. Постоеле Школи на Мистериите и тоа за оние обичните познавачи и за оние одбраните.  Постоеле Големи и Мали Школи за Мистериите.

Македонците преку Пелазгите постоеле од дамнини во време чија старост датира и до 50.000 години. Од литературата која ги содржи информациите околу историските вредности на Македонија, забележуваме дека се уште не е расчистена дилемата околу поимот Хелени или Елини. Тоа е срж на спорот со Грците и со оние кои се слепи за нашата славна древна историја. Кога се зборува за Хелените се мисли на Грците, што е голема зaблуда. Истoричарите, пред се, нашите, зборуваат за некаков хеленистички период кога треба да се одреди времето на владеење на Хелените, односно на Грците. Официјално за нив постоела држава Хелада или Елада што претставува голема злоупотреба на светиот поим елинизам. Овие поими предизвикуваат забуни, невистини кои треба да се надминат и исчистат.

Скоро секаде во светот, досега Хелените (Елини) од античката историја се идентификуваат со Грците, што е голема штета не само за вистината за Македонците, туку и за вкупниот развој на човештвото. Македонците, како носители на уметноста и врвната мудрост, никаде ги нема или ги има запишано како бедни варвари. Било која литература, историја, религија или митологија од античкиот период во странство или тука кај нас, ги пласира Грците како водечки и ги нарекува Хелени. И тоа токму во време кога тие родовски заедници, наречени Грци, биле во состојба на неразвиени и заостанати  народи. Не биле ниту цивилизација, ниту имале своја култура.

Каква бесмисла?! Како е можно една перфидно изобличена историја да не се открие низ сите овие векови? Како е можно толку долго време да се задржи една измислена теза која сите ги води кон заблуди и со тоа Македонците никако не можат да се извлечат од неволјите. Оттука ние самите во Македонија си имаме проблем кој треба да го решиме.

Грците не само што ја украле историјата, туку и го узурпирале правото на елинизација кое му припаѓа на секој оној кој се движи по патот на диванизација или обожовување. Тој пат се состои во истрајноста да се облагородува човекот, да се диванизира, за да се достигне божествената суштина. Да се биде со Бога и да се слуша гласот на Бога. Елинизација е состојба која сублимира беспрекорност и совршеност во развојот.

Во античката историја Хелените се изедначуваат со Грците. Но некаде Хелените се и Македонци. Хелените се и Македонци и Грци!? Како е ова можно, ќе прашате? На пример кај Плутарх во ,,Напоредни животописи,, се случува изедначување на Хелените и со Македонците и со Грците. Плутарх им дава различно значење. Тука треба да се запрашаме дали навистина тој ги меша или тоа е сторено со преводот кој ни е даден на располагање. Оваа забелешка ја ставаме на знаење зашто Плутарх не можел во тоа време да не знае кои биле Хелените, а кои варварите, не можел да не знае за потеклото на дојденците од суб-сахарските простори.

Во ,,Напоредни животописи,, (македонско издание) под неколку фусноти се потенцира и се објаснува таканаречената двосмисленост што се однесува до поимот Хелени. Велам таканаречена зашто не може да се објасни двојното толкување на еден ист поим. Велиме двојно толкување. Таа ,,двосмисленост,, се бележи  како ,,културолошки предзнак,,. Тоа значи дека некаде Хелените се Грци како народ, а некаде Хелените се образовани за да бидат Хелени. Многу индикативно објаснување кое оди во прилог да се прикрие вистината.

Уште од крајот на петтиот век, поимот Хелени станал одлика за културна припадност тоа го покажуваат Еврипид и Тукидид, а најнедвосмисслено е искажан од Исократ… Придонесоа за тоа, името на Хелени да не изгледа веќе како народ, туку како обележје на културата-така што Хелени се нарекуваат попрво оние што се дел од нашата образованост, отколку оние што се од исто потекло…

Како да се разбере ова? Еврипид, Тукидид и Сократ ни укажуваат дека Хелените не се народ туку обележје на културата, образованост. На кој тип образованост се мисли? Културолошкиот предзнак не може да ја има силата на е(и)линизацијата. Образованоста може да биде само како дел од процесот на елинизирање кој е во континуитет на човековиот живот. Ако и постоела разлика меѓу Хелените и Македонците, таа се однесувала на сосема поинакви односи. Разликата упатува на степенот на самоспознавање, односно во свеста за процесот на просветлување. Свесност за сопствениот духовен раст.

Образованоста како врвна мудрост била предзнак на Македонците, на големите македонски умови како што се Сократ, Платон, Аристотел, Питагора и др. Филозофијата од тоа време не е она што нам денес ни го предаваат. Филозофијата била севкупен начин на размислување кој водел кон процесот на освестување или просветлување. Филозофијата била наука за Природата како севкупна содржина на материјалното и духовното.

За да ја воспостават својата власт над македонската империја, Грците, како и да се викале во тоа време, морале да ја присвојуваат не само територијата туку и културата, митологијата и јазикот. Како може родовски орди доселени од суб-сахарските предели, кои се грабаат за туѓи територии, да ја знаат магијата на создавањето? Како можеле овие луѓе да ја разберат суштината на просветлувањето кога нивниот начин на живот се состоел исклучително во задоволување на материјалните задоволства, на најниските страсти? Затоа тие воспоставуваат своја таканаречена демократија преку која дрско ги истиснуваат големите македонски умови. Всушност тие само се обидувале и се знае, тоа никогаш не им успеало.

Сократ, умниот Македонец, пострадал затоа што не се поведувал по законите на новата држава-град Атина. Новата Атина, која доселениците ја приграбиле од Пелазгите. Сократ, преку Платон во ,,Одбрана Сократова,, никаде не спомнува Грци ниту Хелени, туку секогаш на судиите им се обраќа со ,,граѓани атински,, Сократ е од фела Антиохова, од родот на Антиох. А може ли родот Антиохов да биде грчки?

Јас ве поздравувам, граѓани атински и многу ве ценам, но повеќе ќе се покорувам на Бог, отколку вам, и додека има здив во мене и додека има снага во мене, нема да престанам да се бавам со испитување на вистината и да ве советувам и да ве поучувам кога со некој од вас ќе се сретнам, зборувајќи по своја навика… Да не работам ни неправедно ни безбожно. (Платон, „Одбрана Сократова“, Бигз, Београд, 1982).

Сократ се движи по патот кон Бога и тоа за него е единствено оправдан и вистинит пат. Образованоста е мудрост. Мудроста е знаење. Вистината е она за што се залагаат Мудреците. Тој секаде одел и го кажувал тоа и затоа го клеветат и го тужат оние кои не можат да му се доближат. Оние кои не се по род пелашки.

Атина ја основале Пелазгите. Од нив, ние Македонците потекнуваме. Подоцна, Грците, како натрапници од субсахарските предели, насилно ја освојуваат Атина и затоа Атињаните стануваат Грци. Многу е битно да се знае за кој период станува збор кога се мисли на Атињаните. А Грците и не се викале така во тоа време. Затоа морале да бидат како народ Атињани. Барем во записите кои денес ни ги доставуваат. Po koloniziraweto na delovi od oblasta Moreja и ostrovite, od strana na domorodnoto anti~ko-venetsko, t.e drevno makedonsko naselenie vo prvo vreme bilo nare~eni ,,Grei,t.e Greki“, {to na drevno makedonski znaчи dojdenci, tu|inci. (Ukr.Istorija, Iidel str.497)

Тие немале ниту држава, ниту пак ја основале демократијата. Тие само превзеле од Македонците она што било корисно и го употребиле за свој личен интерес. Сократ во своето судење на судиите им се обраќа како како граѓани-атински. Затоа што дојденците допрва станале граѓани атински. Значи Грците или Греките се туѓинци. Граѓаните атински во никој случај не можат да бидат Хелени. А Елините (Хелените) не се народ и овој поим намерно им го даваат на Грците за да не заблудат. Со тоа, ОВА Е НАГОЛЕМИОТ ГРЕВ НА ИСТОРИЈАТА. Затоа сега ќе се случуваат деструктивни дејствија на оние кои го направиле овој грев.

По кажувањето на Платон, саискиот свештеник на Солон му рекол: ,,О, Солоне, Солоне, вие Хелените сте како деца, па никогаш не постои стар човек кој е Хелен,,. Како тоа мислите?-Го прашал Солон. Вие во умот сте сите млади. Нема старо верување кое ви оставила во наследство древната традиција. Ниту има некаква наука која би поседела од старост.

Овој пример го наведуваме бидејќи има интересна конотација за поимот Хелен. Во тоа време кога живеел Солон се знаело кои биле Елини или Хелени. И уште нешто. Не може еден мудрец од Македонија да бара одговори во туѓи пророчишта особено не во Египет, бидејќи Египет веќе одамна и пред времето на Солон тргнал по патот на материјалното, т.е. се оддал на идолопоклонството. Тука, во Македонија постоеле најстарите пророчишта и пророците ја практикувале милениумската традиција да излезат вон времето и просторот за да ја видат иднината.

Се чини дека укажувањето од страна на саискиот свештеник има друга, подлабока смисла. Не постои стар човек кој е Хелен?! Елинизација е она што се подразбира како диванизација или обожовување. Тоа значи дека човекот за да се просветли треба да ја постигне чистотата на наивно мало дете. Дете кое е најчисто од се. Детето до три години е со чиста душа и секој Елен или Елин е со чиста душа.

На Самос (Самотраки), пред времето на Исус Христос, се слушала причесна молитва на Дванаесет Апостоли, каде Христос бил наречен – Дете. Не случајно детето се зема како пример на искреност и чистота која е карактеристика на просветлените. А да нема забуна, Христос како поим постоел и пред 2000 години.

***

Хелени или Елини како народност не постоеле. Бидејќи тој збор не се однесува на припадност на народ, туку на постигнување посебна сакрална состојба, состојба на просветлување. Луѓето од тоа древно време размислувале поинаку. Живееле многу поразлично од денес. Ова го зборуваме, мислејќи на задржување и негување на исконските вредности, на потеклото и сето она што тоа го носи. Потеклото не е тежина, туку едноставно тоа се носи со себе, како што секој го носи своето тело со себе.

Елините (како и Словените) се аријско-јафетски племиња со ведска култура и кастински односи кои не дозволувале мешање на кастите и креирање на нечисти раси, што е одговор зошто Александар војувал со Грците (Речник на Македон. Зборови со езот, кодови,,  Скопје,стр.28)

Хеленска република е хипермегаломанско име и се однесува на сите белци од Владивосток преку Македонија до Алјаска. Тоа е име кое им припаѓа на сите индоариевски племиња (библиски, тоа се потомци на Јафет, еден од синовите на Ное кои го преживеале потопот) и пред се се означува состојба на просветленост, а не нација (истото стр.93)

Зборот Елини потекнува од зборот елиос, што на јазикот на белата раса значи светлост. Јазикот на белата (изворна раса) е основниот јазик од кој потекнуваат сите други. Основниот, пра-древен јазик е божјиот јазик, лингвистички кодиран. Тоа е македонскиот јазик кого сакаат да го присвојат и Грците и оние кои се нарекуваат Евреи, а кои тоа не се. Светлоста е просветлување, светлоста е самоспознание и стекнување на вечната мудрост како единствен пат во животот.

Великиот Хермес потекнува од наши краишта, од Балканот. Го шири Словото како гласник на Зевс (Дион, Диј). Ги подучува своите наследници како да се однесуваат, по кој пат да се движат.

Набожните луѓе во овој свет се малку, тие се голема реткост и дури лесно можат да се пребројат. Кај повеќе луѓе порокот се шири поради недостиг на благоразумие и знаење за нештата. Треба да ја достигнеме Божјата замисла, според која е створен светот, за да ги презреме сите пороци суштествувачки на светот и да го добиеме средството за ослободување од нив. Но кога безбожието и простотијата продолжуваат, пороците се развиваат и нанесуваат неизлечиви рани на душата. Поразена и онечистена од пороците, душата како да се дуе од отров, таа може да биде излекувана само преку науката и високото знаење. (Хермес ,,Corpus Hermeticuм,, Менора, Скопје, 2004.стр 127)

А Плутарх ќе рече:,,Оној кој е просветлен оди прост и слободен,учествува овенчан во светите празници заедно со светли и чисти луѓе и при тоа гледа како непросветена толпа борави во длабока кал,останува во смртен страв,,.

Елините или Хелените го добиле своето име по богот на сонцето. Тоа е основниот симбол на творечка сила. Сонцето се сфаќало како самото врховно божество или како вплотување на неговата власт. Како извор на топлина, сонцето претставува животна сила, страст, храброст и вечна младост. Како извор на светлина го симболизира знаењето, интелектот, вистината.

Богот на сонцето Ил или Ел како основа на божествената суштина. Ил, подоцна Ел, некаде и ОЛ во македонскиот санскрит е божја светлина. Оттука, секој кој е во ЕЛ или ИЛ тој е во светлина. (Х)ЕЛ-елените се тие кои го живеат тој процес на просветлување што доведува до обожовување на човечката суштина. ПРОСВЕТЛУВАЊЕ како СПОЗНАНИЕ. Елините на исток биле сите словенски народи, а на запад тоа се Виндите-Германите, Келтите, Баските. Тие имале ист корен, иста митологија.

ИЛИ е достигнување на урамнотежена состојба. ИЛИ е стабилна во невидливото како суперпозиција која не е ни во позитивна, ни во негативна состојба. Врвна цел на секој кој се подвизува, кој се стреми кон соединување со Божјата светлина.

Подвизување или диванизирање! Терминот Див-анизирање, доаѓа од Див или Дева кај Индусите и  кај поранешни индо-европските племиња. Тој термин означува и општ поим за Божествено. Санскритски зборот „деви“ се однесува на боговите, а санскритот потекнува од Аријците. Кај нив Божеството означува ВИД-Виделина или Божја светлина. Поимот Видило се доближува до Светлоста. Вид доаѓа од Веда, која се добива со блесок после соединување на материја и антиматерија. Блесок во умот. Вид е еднакво на Див, ДИВ=ВИД. Вид е таква состојба што со негово ,,зреење,, со неговото видило се добива знаење, како мудрост Божја. А исконскиот поим на ,,див,, се однесува на нешто од кое зависиме, како з-див потребен да дишеме, да опстојуваме или како код од кој потекнуваме.

Просветлен човек е оној кој јасно види (гледа) како стојат работите. Просветлувањето не е мистично знаење туку прогледување. После просветлувањето се доаѓа и до сезнаење, зашто просветлувањето е само почетна фаза во сезнаење за себеси и за Универзумот.

Вистинската љубов претставува знаење за нашата суштина. Вистинската љубов е светлина со која се осветлуваме себеси и сето она со кое доаѓаме во допир. Тоа е сочувство и сомилост, тоа е разбирање и помагање. Љубов е фрекфенција која вибрира многу побрзо од динамиката на злото, пакоста и омразата. Оваа фрекфенција е способна да се бори со деструктивните сили кои со илјаднци години го држат човештвото во залог.

Процесот на просветлување или диванизација е долг процес кој е поврзан со инкарнации, со неколкукратно вплотување на душата се додека не го спознае изворот на потеклото. Да се потсетиме дека, Елините (како и Словените) се аријско-јафетски племиња со ведска култура и кастински односи кои не дозволувале мешање на кастите и креирање на нечисти раси.

Во врска со етимологијата на Македонија и Македонците има повеќе објаснувања, но во наш контекст ќе ја спомнеме и оваа информација ,,Името доаѓа од Македон кој живеел во областа Пиерија северно од Олимп во Македонија. Македонците подоцна се викале ЕЛНИили Ели, стар национален збор кој произлегува од животното елен, а можеби носеле капи со рогови на елен за да се разликуваат. Според речникот на симболите, еленот симболизира сонце, но Еле-н значи дека е во светлина Божја, а не животно.

Према Паусанија, Првиот свештеник пророк на Аполоновиот храм во Делфи се викал Олењ или Елен (еленот симболизира сонце). Но тука да појасниме дека Елен е човек во процес на диванизација, а не го означува буквално животното елен. Да си Ел-ен значи дека да си во Божја  светлина. Коренот ЕЛЕН во македонскиот и некои словенски јазици се наоѓа во неколку поими кои ја носат суштината на наследувањето.Пример, Вас-елен-ски Сабор, нас-елен-ие, расс-елен-и.

Замената со ,,елен,, често пати служи и да се затскрие вистинското значење кое може да се злоупотреби, како што тоа денес се случува. Самото животно елен со двата рога на глава ја дава сликата на постанување на едно во две (едното се грани во двата рога) и повторно спојување на двете во едно, што претставува еден од видливите принципи на тројството. Исто како што се заменуваат Пелазгите со ибиси или жерави во смисла на нивното распространување. Пелазгите се сметале за Ел-ини. Тие биле првопочетни и живееле во хармонија со природата. Ел-(ил)-ните покажуваат како треба да се однесуваме за да се постигне целосна рамнотежа на силите. Со зборот Елини се врши изедначување со Ел-иј или Или-иј – Сонце. Да се биде во божја светлина ,,или,, како помирливост меѓу две спротивставени страни. Тоа води кон постигнување на Едното. Постигнување на рамнотежа или процес на воспоставување на хармонија на два спротивставени комплиментарни дела на една целина. Небесен-земски, позитивен-негативен, бел-темен, машко-женски принципи. Само така може да има благосостојба и задоволство. Правилен развој не само како индивидуа, туку глобално, на ниво на цела планета.

 

Олга Новачева – Знаците на Македонизмот

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!