Регион

Грција: Уапсен Албанец, превезувал 26 мигранти се обидел да избега пеш

 

Полицијата во градот  Солун соопшти дека уапсила возач на комбе во кое се превезувале 26 мигранти – 23 од Пакистан и тројца од Бангладеш.

 

Полицијата соопшти дека возачот, Албанец, се обидел да избега пеш откако полицајците го запреле комбето, но биле фатени.

Властите соопштија дека полицијата уапсила Грк задолжен за магацин, каде полицијата пронашла уште 12 Пакистанци, кои со сила биле  држени од  шверцерите сè додека не платат за превоз.

Полицијата соопшти дека 26 мигранти во комбето биле на пат кон тој склад.

Официјалните лица велат дека на мигрантите им било побарано по 2.000 евра за превоз со брод преку реката Марица, на границата меѓу Турција и Грција, а потоа по земен пат кон Солун.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!