Регион

Грција ќе и помогне на Бугарија откако Русија ја прекина испораката на гас

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во средата наутро телефонски разговарал со бугарскиот колега Кирил Петков , се наведува во соопштението од неговиот кабинет, јавува Anadolu Agency.

„За време на нивните разговори, премиерот рекол дека Грција ќе и помогне на Бугарија да се справи со новата ситуација предизвикана од руските одлуки во енергетскиот сектор“, се вели во соопштението.

Да потсетиме, руски Газпром во средата го прекина снабдувањето со гас за Полска и Бугарија, велејќи дека испораките ќе останат прекинати додека двете земји не решат да платат во рубљи.

Енергетската одржливост на Грција и пошироките импликации од одлуките на Русија да го прекине снабдувањето со гас беа исто така теми на состанокот со кој претседаваше Мицотакис подоцна во текот на денот.

Во соопштението од кабинетот на премиерот се наведува дека енергетското снабдување на Грција е безбедно и дека не се очекуваат прекини, како и дека следната исплата на Гаспром треба да биде извршена „во последните десет дена од мај“.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!