Регион

Грчки свештеник набрка верници од црква бидејќи не носеа заштитни маски (ВИДЕО)

Православен свештеник во Грција избрка неколку верници кои не носеа маски во црквата, а денес грчките медиуми објавија видео од настанот.

Младиот свештеник чие име сеуште не е соопштено, престана ја чита молитвата за време на Божиќната литургија во Каламата, место на југот од Пелопонез и ги набрка верниците без маски од црквата.

На забелешката на верниците дека и црковните пејачи не користат маски, свештеникот одговорил дека тоа им е дозволено со закон за да можат да пеат и им порачал на верниците да го читаат законот.

Loading...

Related posts

Leave a Comment