Свет

Гувернер од Најроби им дели коњак на сиромашните како лек против вирусот Корона

Гувернерот на Најроби, Мајк Мбуви Сонко му дели коњак на сиромашното население во главниот град на Кенија, тврдејќи дека алкохолниот пијалок штити од инфекција со новиот вирус на корона.

Разметливиот гувернер, кој е познат по големи парчиња златен накит и импровизирано рапување, како и дека лани  беше уапсен под обвинение за корупција , оваа недела на социјалните медиуми објави фотографии од шишиња со коњак „Хенеси“, кои се најдоа меѓу пакетите со основни намирници , пренесува Ројтерс.

Повикувајќи се на наводните резултати од истражувањето на Светската здравствена организација и други здравствени установи, Сонко во видео пореча дека алкохолот „игра многу важна улога“ во убивањето на вирусот корона, или кој било друг вид на вирус.

Сепак, компанијата што го прави коњакот „Хенеси“ соопшти дека тврдењето е неточно , и дека конзумирањето на тој бренд алкохолни пијалоци, како и други алкохолни пијалаци, не штити од COVID-19.

Портпаролот на кениската влада Сајрус Огуна изјави дека тезата дека алкохолот штити од зараза нема никаква научна основа и ги повика политичарите да не ја користат пандемијата за предизборен публицитет.

Loading...

Related posts

Leave a Comment