Колумни

ДАРДАН ВЕНЕТСКИ: ДО ВЧЕРА НЕ ЗНАЕЈА КОИ СЕ И ШТО СЕ, СЕ СРАМУВАА ОД СВОЕТО ИМЕ А ДЕНЕС ОД НАС БАРААТ ДА КАЖЕМЕ ДЕКА СМЕ БУГАРИ.

Сликата може да содржи: 1 лице, седи и внатре

Кој не верува нека ги прочоте патеписните записи од 16 до 19 век под наслов,, АНГЛИСКИ ПАТЕПИСЦИ ЗА БУГАРИЈА”, приредени од бугарската историчарка Марија Тодорова, печатена во Софија 1987 год.

Во неа ке најдете две запрепастувачки работи. Ако ги прочитаат бугарските политичари треба да се засрамат за тоа што ни го прават.

1.Сите патеписци географски ја сместуваат Бугарија меѓу Стара планина и Дунав и од Тимок до Црното море. Никој не ги спомнува Македонија и Тракија како дел од Бугарија.

2.Многу малку или никој од патеписците не спомнува Бугарија и Бугари. Се декларирале се и сешто само не Бугари. Бугарските историчари велат дека тоа е така поради пежоративното значење на етнонимот Бугари и поради долгото турско ропство подзаборавиле на својата етничка припадност.

Во најмала рака смешно. Како само тие да биле под турско робство. Многумина од месните жители со кои контатирале патеписците, се декларирале како Срби. Меѓу нив имало и видни бугарски интелектуалци како монахот Јован Раич (1726-1801) од Видин, Никола Пашоч од Тетевен, Гаврил Крстович од Котел… Многумина се декларирале како Грци. Патеписецот Џон Галт во 1811 год вели дека Софија имала 10.000 жители од кои мнозина биле Грци.

Слично вели било и во други градови. Видни бугарски граѓани како Никола Савов од В. Трново, Стефан и Александар Богородни од Котел… Се декларирале како Грци. Како Грк се декларирал и еден од водечките преродбеници В. Априлов. Тој дури во 1831 год, откако ја прочитал книгата на рускиот бугарофил Јуриј Венелин се преобрати и за прв оат почнал да се декларира како Бугарин. Многумина од жителите се декларирале како Скити, Мизи, Готи, Хуни, Трибали, Илири, Паристрионци, Мирмидонци, Венети, Власи, Турци, Гагаузи, Шопи, Татари…

Се и сешто само не Бугари. Затоа отец Паисај Хиландарски ќе ја изговори онаа познатата :,, Б’ЛГАРИНЕ ЗОШТО СЕ СРАМУВАШ ДА КАЖЕШ ДЕКА СИ Б’ ЛГАРИН”. Која иронија и невидена дрскост. ДО ВЧЕРА САМИТЕ НЕ ЗНАЕЈА КОИ СЕ И ШТО СЕ, СЕ СРАМУВАШ ОД СОПСТВЕНОТО ИМЕ, А ДЕНЕС ОД НАС БАРААТ ДА КАЖЕМЕ ДЕКА СМЕ БУГАРИ.

Дардан Венетски

Loading...

Related posts

Leave a Comment