Колумни

ДАРДАН ВЕНЕТСКИ: ЕПИДЕМИЈА НА ПОЛИТИЧКО СЛЕПИЛО ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА.

Можно е да е слика од 1 лице

Најголема закана за нас во моментов не е ниту КОВИД 19,ниту економскиот колапс, корупцијата и не функционалното судство, ниту уцените од соседите и ЕУ, туку растечката епидемија од политичко слепило на сите нивоа.

Не беше така одамна при потпишувањето на Преспанскиот и договорот за добро соседство, познавачи укажуваа дека тие се погубни за нас и ќе станат камен на сопнување. За жал власта остана глува. Заслепени од ласкавите фалби и тапкања од европската лисица, не убедуваа дека идентитетот и јазикот се зациментирани, сите спорни прашања со соседите се решени и дека патот кон ЕУ е отворен. Така опиени во неколку наврати дури славеа и датум. Шамарите за отрезнување набрзо стигнаа од Бугарија со ставање вето и барање да прфариме дека македонскиот идентитет и јазик се со Бугарски корени, како услов за пристапни преговори.

Се разбира ЕУ ги подржа ваквите геноцидни барања со подмолниот став ПРВО ДОГОВОР СО БУГАРИЈА, ПА ДУРИ ПОТОА ПРИСТАПНИ ПРЕГОВОРИ. Но политичкото слепило не е болест што се лечи, па наместо отрезнување, се растрчаа по ЕУ да ги разубедуваат. Ги слушам и не можам да верувам. Сите од ред, целиот политички врв сега им текнало да билдаат патриотизам со паролата ЗА ИДЕНТИТЕТ И ЈАЗИК НЕ РАЗГОВАРАМЕ. Но не кажуваат на кој идентитет и јазик мислат. Оној природниот, исконскиот или оној измислениот од Тито и КОМИНТЕРНА кој ни го наметнуваат Бугарите.

Вице премиерот Димитров сега се сетил да се запраша дали треба да и се верува на ЕУ. Боже сачувај, човеков 30 год е во политика и сеуште не го разбрал она што народот го знае повеќе од 100 год, уште од времето кога го испеа рефренот ЕВРОПО БЛУДНИЦЕ ВАВИЛОНСКА. Само заслепени луге не можат да забележат дека токму блудницата е таа која 1912 год на терен и 1913 јод на маса даде виза за парчење на Македонија. Тоа се истите оние кои 1948/49 год фрлаа напалм бомби врз Македонците, 1992 год ја донесоа Лисабонската декларација, оние кои до вчера не уценуваат да го смениме името, а денес ги подржуваат геноцидните бараа на Бугарите да се самоизбришеме како народ. Што тука не јасно Г-не Димитров?

Сеуште ли ја сметате ЕУ за наш пријател и подржувач. Се чини дека не постои друг пример во светот жртвата да ги смета своите џелати како пријатели. Што е ова ако не политичко слепило? Сепак мислам дека врвот го држи премиерот.

1. Отишол во Брисел да бара од ЕУ да ги тргне од преговарачка маса идентитетот и јазикот. Човеков изгледа заборавил дека токму тој заедно со неговите заслепени подржувачи ги стави на маса со потпишувањето на Преспанскиот и Договорот за добро соседство. Г-не Заев, ЕУ за ова не може да Ви помогне. Од маса можете да ги тргнете само Вие и само на еден начин, со раскинување на погубните договори. Веќе и малите деца забележуваат дека овие договори се извор на недоразбирања и оружје во рацете на соседите за уцени и непристојни барања.

2. Од ЕУ побара да да го исполни ветеното, затоа што ние сме направиле се што трбало и што се барало од нас. Гне Заев, тука сте во право. Навистина направивте се што требаше, но да не втурнете во ќор сокак од кој нема излез. А да се бара од една блудница да исполни ветување, е само доказ за постоење на политичко слепило.

3. Покрај сето ова Премиерот е оптимист дека ќе најде решение и ќе се договори со Бугарите. Ова е нај големата заблуда. Просто неверојатно ака се знае бугарскиот став зациментиран со Декларација на Бугарскиот парламент, Објаснувачкиот меморандум на владата и ставот на БАН, со кои се бара да признаеме дека имаме бугарски корени. Ниту еден бугарски политичар нема мандат да отстапи од овој став и да повлече вето. Може да отстапи само Заев.

Тој тоа и го најави со својата изјава ,, БУГАРИТЕ ОД НАС БАРААТ ДА ГИ УТВРДИМЕ МАКЕДОНСКИТЕ КОРЕНИ,А НИЕ ИМАМЕ ОБВРСКА ВО ИМЕ НА ИДНИНАТА ДА СЕДНРМЕ СО БУГрите И НА ЕВРОПСКИ НАЧИН ДА ГИ УТВРЏЖДИМЕ НАШИТЕ КОРЕНИ”. Оваа изјава е дијаметрално спротивна со изјавата дека за идентитет и јазик не се разговара.

Премиерот ќе мора да објасни, како мусли да ни ги утврди корените без да ни го промени идентитетот и кој го овласти да преговара за мојот и идентитетот на милиони Македонци? Ќе мора да објасни, дали ова значи дека е подготвен да ги прифати геноцидните бугарски барања? Мора да каже дали без мандат од народот (како и за името) е подготвен да се откаже од нашиот природен, исконски идентитет и јазик, оној наследениот од нашите древни предци и да го прифати оној кој ни го наметнуваат Бугарите, оној измислениот од Тито и КОМИНТЕРНА? Дали оваа измислица ќе ја пласира пред народот како наш триумф во преговорите? Нека ми простат заслепениве, но на народот му е преку глава од лаги и измами. Луге со политичко слепило не можат да не извлечат од ќорсокак.

Дардан Венетски

Related posts

Leave a Comment