Колумни

Дарко Тодоровски: Која била целта на американските биолошки лаборатории во Украина?

Во Москва, 2-ри јуни, во Општествената Палата на Руската Федерација се оддржа меѓународна конференција на тема „За американските биолошки лаборатории во Украина“.

На конференцијата учество зедоа експерти за биолошко оружје, новинари, политолози од 15 различни држави. На конференцијата беа претставени голем број на документи во врска со тие лаборатории. Почнувајќи од 2005 година, САД потрошиле повеќе од 200 милиони долари на разни биолошки експерименти и програми во Украина, формирајќи 13 биолаборатории низ целата земја, работејќи на повеќе од 1.500 видови соеви на различни вируси и со 1.400 различни патогени. Плус Украина на САД им ги предале целата документација и архива за советските биолошки програми и истражувања. Според официјален Пекинг, САД во моментов располагаат со 336 биолошки лаборатории низ целиот свет, и голем дел од тие лаборатории се тајни.

Според Игор Лукјанов, политолог и експерт за биолошко оружје, соберени се огромна количина материјали за американската биолошка програма, достапни се стотици страници од внатрешните извештаи од украинската безбедносна служба и документација за самата програма за истражување на патогени во интерес на Министерството за одбрана на САД, односно Пентагон. Лукјанов е сигурен дека Вашингтон постојано создава појас од биолошки лаборатории околу Русија, претворајќи го евроазискиот простор во единствено полигон за проучување и тестирање на најопасните заразни болести.

„Анализираниот број на податоци ни овозможува самоуверено да тврдиме дека целите и задачите на оваа програма се многу различни од декларираните во самата програма.“ – Игор Лукјанов.

Во 2005 година, Министерството за здравство на Украина и Пентагон го потпишале „Договорот за спротивставување на заканата од биотероризам и спречување на ширење на бактериолошки оружја, технологии, материјали и знаење“. Во согласност со потпишаниот документ, Министерството за одбрана на САД се обврза да помогне во подобрувањето на циркулацијата на патогените материи во Украина.

За Лукјанов нема сомневање зошто САД ја избрале Украина. „Според еден од водачите на проектот Заедничка биолошка програма во Украина, вработена во Стејт департментот Џоана Винтрол, ова се должи на „етничката блискост на Украинците и Русите“. Под нејзин директен надзор се воделе американските проекти UP-4, UP-5, UP-6, UP-8 за проучување на смртоносни патогени, вклучувајќи антракс, кримско-конго треска, лептоспироза. На територијата на Украина, поточно во градовите каде што се сместени овие биолошки лаборатории, во последните 10 години се појавија нови вируси и заболувања, кои што во минатото не постоеле и не биле регистрирани во тие делови на Украина“ – Игор Лукјанов.

Лукјанов објасни дека самата воена биолошка програма во Украина се спроведува со учество на единицата на Пентагон – Агенцијата за намалување на одбранбените закани (Defense Threat Reduction Agency — DTRA) и Армискиот институт за медицински истражувања на заразни болести (USA MRIID, со седиште во Форт Детрик, Мериленд), наречена во печатот како „лабораторија на смртта“. Според него, до 1998 година Агенцијата за намалување на одбранбените закани имала друго име – Агенција за специјално оружје (Defense Special Weapons Agency).

„Украина и неколку поранешни советски републики една по друга ги пренесуваа своите колекции на опасни патогени во САД во замена за американска помош. Кој ги неутрализирал овие опасни патогени во САД, како и дали всушност биле уништени не се знае. Сите информации се високо класифицирани и се тајни, никакви меѓународни експерти немаат достап до резултатите од тие истражувања и програми, а самите патогени се движат низ светот или се уништуваат во тајно опкружување, што само по себе е кршење на обврските на САД и Украина според Член 4 од Конвенција за забрана на развој, производство и складирање на бактериолошко (биолошко) и токсинско оружје и за нивно уништување и Резолуцијата бр.1540 на Советот за безбедност на ОН од 28 април 2004 година. Дополнително, биолабораториите создадени од САД ширум светот, кои работат во затворен режим, над нив немаат контролата владите на земјите во кои се наоѓаат. Персоналот во лабораториите често е составен од Американци со дипломатски имунитет, а локалните здравствени службеници немаат директен пристап до овие установи“ – Лукјанов

Во септември 2021 година, за време на Меѓународниот форум во Хабаровск, Скот Бенет, поранешен офицер на 11-тиот баталјон за оперативни психолошки операции на ЦИА, рече дека открил лаборатории во Украина каде се произведува биолошко оружје, а тие се расфрлани низ целата земја: во Лавов, Ужгород, Виница, Киев, Одеса, Керсон и Харков. Во замена за биолошките лаборатории, САД на Украина и предоставиле огромна финансиска помош.

Експертите од целиот свет се на став дека биолошките лаборатории без разлика на која држава припаѓаат, претставуваат голема опасност за човештвото, и нивните активности покрај од чисто истражувачки и хуманитарен карактер, во голем број на случаи се поврзани и со развојот на биолошко оружје што може директно да им наштети и на луѓето и на економијата поради заразувањето на животните и на птиците. Во исто време, биолошкото оружје е забрането со соодветна меѓународна конвенција која што е подпишана и од страна на САД.

Русија и НР Кина во Советот за Безбедност на ООН како и во другите меѓународни институции, и преку своите Министерства за надворешни работи бараат од САД да ги објави сите документи и резултати од истражувањата во големиот број на биолошки лаборатории кои што САД ги поседуваат ширум светот, за светската јавност да се запознае какви биолошки истражувања и програми САД со години спроведувале ширум светот, не само во Украина. Дали се работи за програми и истражувања со цел за доброто на човештвото, или се работи за програми и истражувања со воена цел.

 

Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!